Од продажба на уметнички дела до автомобили или ретки вискија, „Сотби“ (Sotheby's) постигна вкупна продажба од шест милијарди долари во 2024 година. Познатата аукциска куќа одржа 41 аукција низ светот.
Кога станува збор за автомобилите, најголемата вредност е постигната на аукција за „ферари 250 ГТ“ (Ferrari 250 GT SWB California) од 1960 година. Продаден е за нешто повеќе од 17 милиони долари на аукцијата што се одржа во Монтереј.
Највредното парче на годината е делото „Нимфеи“ (Nympheas) од Клод Моне. Ова уметничко дело е продадено за 65,5 милиони долари.
Прочитај повеќе

Водич за купување часовник од момче од Силициумската долина
Директорите од срцето на технолошкиот свет опсесивно трагаат по ретки часовници од аваргандни брендови и се подготвени за нив да платат астрономски суми.
22.02.2025

Со иновативни часовници ќе ја освојуваме Европа
Како се позиционирани овие рачни часовници на пазарот каде што доминираат големите брендови?
09.02.2025

Трамп продава часовници од 100.000 долари. Вреди ли да се купат?
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на својата платформа „Трут сошл“ (Truth Social) објави дека започнува продажбата на официјалната Трамп колекција на часовници.
01.10.2024

Силвестер Сталоне го продава својот „патек филип“ од 2,5 милиони долари
Ѕвездата на филмот „Роки“ Силвестер Сталоне ќе продаде 11 рачни часовници на аукција на „Сотби“ на 5 јуни.
16.05.2024

Цените на часовниците „картие“ растат, а на „ролекс“ и „патек“ паѓаат
Луксузните часовници од „Картие“ се единствената голема марка што доби на вредност во текот на изминатата година на секундарниот пазар.
18.05.2024

Продажбата на „Хермес“ му пркоси на трендот на забавување на пазарот на луксуз
Луксузниот бренд обично се поврзува со неговите чанти „биркин“ и „кели“.
01.05.2024
Но тие не се единствените големи мајстори по цена. Концептуалното уметничко дело „Комедијан“ (Comedian) на италијанскиот уметник Маурицио Кателан, кое прикажува банана залепена на ѕид, беше продадено за 6,2 милиони долари, што ја демонстрира отвореноста на пазарот за авангардна уметност. Купувачот е Џастин Сан, претприемач од Кина и основач на криптовалутата трон (Tron).
Џастин Сан, крипто претприемач
Фото: Bloomberg Mercury
Во интервју за „Блумберг“, Сан изјави дека размислува за тоа да плати со помош на неговата сопствена криптовалута трон (TRX), но доколку тоа не е можно, тој рече дека ќе користи биткоини, криптовалутата што во тоа време достигна рекордно високо ниво од 95.000 долари (ноември минатата година). Инаку, овој лот беше единствениот на аукцијата за кој „Сотби“ прифати плаќање во криптовалути.
„Пред сè, јас сум претприемач во светот на криптовалутите, но купувам и многу уметност“, рече Сан, алудирајќи на неговите инвестиции во уметнички дела од Пикасо, Ворхол и Џакомети. Не помина долго време откако лепената банана стана светски познато меме, кое влезе во поп-културата со молскавична брзина. Освен што е на насловната страница на „Њујорк пост“ (New York Post) („Bananas!“), се појави и на облеката на познатите личности и беше пренесена на капи, маици и други производи.
Секоја аукција носи приказни што инспирираат, понекогаш предизвикуваат и ги редефинираат границите помеѓу луксузот, уметноста и секојдневниот живот. Многу ретки артефакти од далечното минато може да се видат и како клучни сведоци на историските периоди. Така, во декември минатата година беше ставен на аукција еден од најпознатите и највлијателни текстови во историјата: „Десетте заповеди“. Најстарата камена плоча на која е изгравиран текстот е продадена за пет милиони долари. Датира од доцното Римско Царство и византискиот период, стара е околу 1.500 години и е единствената целосна плоча од Десетте заповеди што е зачувана од овој ран период.
Часовниците во „Сотби“ заземаат посебно место и влијаат на индустријата
Аукцијата на колекцијата на Том Брејди, ГОАТ („The GOAT“), вклучувајќи луксузни часовници и сувенири, го има рекордот постигнат минатата година во оваа категорија. Колекцијата достигна вкупна вредност од девет милиони долари.
Пред оваа аукција, златниот „ролекс дејтона“ (Rolex Daytona) имаше највисока проценета вредност на вечерта - помеѓу 600.000 и 900.000 долари. Направен околу 1969 година, овој часовник е исклучително ретка верзија на бараниот „пол њумен дејтона“ (Paul Newman Daytona). Конечната продажна цена достигна 1,14 милион долари.
Вториот најскап лот беше „одемар пиге ројал оак“ (Audemars Piguet Royal Oak), со името Том Брејди (Tom Brady), испишано со дијаманти на бројчаникот, чија вредност се проценува помеѓу 400.000 и 800.000 долари. Часовникот е продаден за 720.000 долари.
„Сотби“ е и куќата на која славните луѓе ѝ се обраќаат кога сакаат да ги продадат своите часовници. Во случајот на Силвестер Сталоне, тоа беше исклучително редок модел „грандмастер чим“ (Grandmaster Chime) од компанијата „Патек Филип“ (Patek Philippe), кој беше продаден за 5,4 милиони долари. Познатиот актер изјави дека му биле потребни неколку години за да изгради врска со познат хоролог и да дојде до овој часовник. Сепак, во моментот на продажбата, часовникот сè уште беше во својата оригинална пластична заштита, никогаш не бил носен.
Со оглед на тоа што часовниците претставуваат една од најатрактивните категории за колекционерите и секундарниот пазар, аукциската куќа сега го проширува својот бизнис со услуга за сервисирање скапи часовници.
„Сега можете да дојдете во ’Сотби’ и да го сервисирате вашиот часовник“, изјави за „Блумберг“ Џеф Хес, глобален директор за часовници во „Сотби“. „Прашајте кој било колекционер на часовници и ќе ви каже дека има огромен недостиг и вистинска потреба за тоа“.
Куќата ја нуди оваа услуга преку партнерство со „Воч чек“ (WatchCheck), онлајн платформа за поправка на часовници. Во моментов сопствениците на часовници можат да ги однесат своите часовници кај производителот на чистење и поправка, но ако поседуваат антиквитети што повеќе не се сервисираат, мора да најдат независен сервисер.
Услугата на „Сотби“ сигурно нема да биде поевтина од производителите или независните даватели на услуги, но менаџментот верува дека тоа е прашање на доверба и углед.
Услугата вклучува клиентот да внесува информации за својот часовник, да добие фиксна цена на услугата (цените започнуваат од околу 200 долари за реставрација на куќиштето и надминуваат 2.500 долари за целосна реставрација на часовникот со големи компликации) и, по потврдата за плаќањето, добиваат пакет за испорака и упатства за испраќање на часовникот на поправка. Просечното време на завршување на услугата е помеѓу четири и шест недели за корисниците во САД, каде што моментално услугата е достапна. Во нарачката е вклучено и осигурување од 150.000 долари за покривање загуба или штета.