Засега, 2026 година изгледа како филмска опсесија со носталгија – продолженија, римејкови, адаптации на книги и враќање на големите франшизи едвај оставаат простор за оригинални филмови.
Се чини дека рецептoт за успех на студијата во 2026 е мешавина од огромни буџети и мал ризик. Сепак, додека студијата се потпираат на проверени формули, публиката најдобро знае дека ништо не разочарува како катастрофално досадно продолжение на вашиот омилен филм.
Останува само прашањето: дали овие филмови ќе ги оправдаат очекувањата, или уште една година ќе ја паметиме само по промотивните видео-најави и трката по старата слава? Засега фановите видоа само филмски најави, но изгледа дека секој веќе има свој одговор.
Прочитај повеќе
Идеална летна забава: 10 најгледани спортски филмови на Нетфлкис
Дури и ако спортот не ти е прв избор кога бараш филм за вечерно уживање, спортските филмови често нудат многу повеќе од натпревари, поени и победнички моменти.
09.08.2025
Интервју со Манчевски: Зошто „Збогум, Копакабано“ крена прашина уште пред да биде снимен?
На смешен и жален начин зборува за богати и сиромашни, за добри и лоши, за тоа како умираме и како се смееме, вели Милчо Манчевски за својот осми филм што моментално го снима дури на 32 локации низ и околу Скопје.
07.08.2025
„Медена земја“ е меѓу 12-те најдобри документарци што го менуваат погледот кон светот
Од климатската криза до чудесните симбиози во природата - овие документарци едуцираат, шокираат и инспирираат.
03.08.2025
„Нетфликс“ со подобри резултати од очекувањата на Волстрит
Резултатите за вториот квартал на „Нетфликс“ покажуваат дека компанијата ги надмина очекувањата на инвеститорите во секоја главна метрика.
18.07.2025
Романтичните комедии стануваат мрачни - тренд, профит или ново лице на љубовта?
Современиот романтичен жанр навлезе во територија каде што љубовта повеќе не е идеализирана, туку полна со компликации, вклучувајќи опасност и насилство, нудејќи поинаков вид емоционална возбуда.
14.02.2025
Еве неколку филмови за кои веќе се зборува, подредени според датумот на премиера:
„Оркански висови“
Трагичната љубовна приказна на Хитклиф и Кетрин на филмското платно ќе ја пренесат Марго Роби и Џејкоб Елорди. Режијата и продукцијата ги потпишува Емералд Фенел, позната по филмовите „Салтбрн“ (Saltbur)“, на кој соработуваше со Елорди, и „Девојка која ветува“, за кој ја доби наградата Оскар.
Модерната адаптација на романот на Емили Бронте од 1847 година предизвика критики уште по изборот на актери, а тие се засилија по објавувањето на најавата. Многумина сметаат дека Роби според годините и изгледот не одговара на ликот на Кетрин, додека изборот на Хитклиф е критикуван бидејќи актерот нема темна кожа како ликот во романот. Критики од фановите доаѓаат и поради, како што се гледа од најавата, бројните експлицитни сцени, како и поради изборот на музика, за која е задолжена Чарли Екс-Си-Екс.
Џејкоб Елорди во ликот на Хитклиф | Depositphotos
Филмот симболично ќе излезе на Денот на вљубените во 2026 година.
Кога веќе ги спомнуваме модерните адаптации на романи од 19. век, треба да се истакне дека следната година нè очекува уште една адаптација – романот на Џејн Остин „Разум и чувства“. Очигледно, некои приказни навистина се безвремени.
Проект „Очајнички обид“
Проект „Очајнички обид“ (Project Hail Mary) е научнофантастичен филм во режија на Фил Лорд и Кристофер Милер. Главната улога во филмот, ликот Рајланд Грејс, ја игра Рајан Гослинг.
Приказната го следи Рајланд, средношколски наставник кој се буди сам во вселената и не се сеќава како пристигнал таму. Открива дека е на мисија да ја спаси Земјата од мистериозна супстанца што го загрозува Сонцето, а за време на авантурата создава неочекувано пријателство со вонземјанин по име „Роки“.
Рајан Гослинг | Depositphotos
Приказната на филмот е заснована на истоимената книга, која инаку Бил Гејтс ја препорачува да ја прочитате.
Премиерата на филмот е закажана за 20 март 2026 година.
„Мајкл“
Улогата на Мајкл Џексон во новиот биографски филм ја презема неговиот внук, Џаафар Џексон, кој ќе ја толкува комплексната и контроверзна фигура на поп-културата. Филмот го режира Антоан Фукуа и ќе биде фокусиран на музичкиот талент на Мајкл и развојот на неговата кариера.
Приказната го следи неговиот пат од младешките денови во „Џексон 5“, преку подемот до глобална слава, како и бројните скандали и обвиненија што го следеа низ кариерата.
Улогата на Мајкл Џексон во новиот биографски филм ја презема неговиот внук, Џаафар Џексон | Depositphotos
Премиерата е закажана за 24. април 2026 година, а филмот ќе се обиде да ги прикаже сите аспекти од животот на една од најпознатите, но и најспорните фигури во светот на музиката. Филмот беше одложуван повеќепати, а околу него кружат бројни контроверзии – правни компликации околу прикажувањето на случајот со Џордан Чендлер од 1993 година и други настани од минатото на Џексон, несогласувања околу сценариото и критики од неговата ќерка Парис, која смета дека филмот го прикажува нејзиниот татко неточно и идеализирано.
„Ѓаволот носи Прада 2“
Доаѓа и продолжението на легендарниот филм од 2006 година, со Мерил Стрип и Ен Хетавеј во главните улоги. Потпетиците што ги носи Миранда (Мерил Стрип) во најавата веќе кренаа прашина. Чевлите „Валентино рокстадс“ се враќаат во мода, пишува „Вог“, без разлика дали тоа на сите им се допаѓа или не.
За жал (или за среќа), најавата од само 50 секунди не откри многу, па ќе мора да почекаме до 1 мај за да дознаеме што се сменило во животите на двете хероини.
Два нови филма од „Војна на ѕвездите“
Ова ќе биде одлична година за фановите на „Војна на ѕвездите“, бидејќи „Дизни“ објавува дури два филма.
Првиот е „Мандалоријанецот и Грогу“ (The Mandalorian & Grogu), каде главните улоги ги толкуваат Педро Паскал како Дин Џарин, Сигурни Вивер и Грогу, малото вонземјанче познато и како „бебе Јода“. На актерската екипа ѝ се приклучува и Џереми Ален Вајт.
Приказната го следи Дин Џарин, ловец на глави кој го штити Грогу додека галаксијата сè уште ја тресат остатоците од Империјата, а Новата Република се обидува да воспостави мир. За време на нивните патувања, Дин и Грогу се соочуваат со опасности, се борат со непријатели и истражуваат нови светови, а Грогу покажува извонредни способности што им помагаат во нивните авантури.
Премиерата на филмот е закажана за 22 мај 2026 година.
Вториот филм од „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), потврден за декември 2026 година, сè уште не е официјално најавен, но се шпекулира дека би можел да биде нов филм за Реј.
„Приказна за играчките 5“ (Toy Story 5)
Од далечната галаксија се префрламе во светот на играчките. Новото продолжение на култната анимирана сага пристигнува за да заокружи уште една генерација авантури на Вуди, Баз и остатокот од екипата. Филмот ветува нови емотивни моменти, акција и хумор кои го прославија серијалот.
Овојпат негативец е таблет сличен на ај-пад, со име Лилипад, а критиките се однесуваат на тоа што ова е веќе петти филм од серијалот и дека „Пиксар“ (Pixar) можеби премногу ја продолжува франшизата. На тоа Стантон одговара дека целта не е само да се направи уште едно продолжение, туку да се истражи како технологијата ги менува животите и односите, особено низ перспективата на децата и нивните играчки.
Премиерата е закажана за 19 јуни 2026 година.
„Одисеја“
Сега одиме многу подлабоко во минатото, во срцето на грчката митологија: новиот филм на Кристофер Нолан нè враќа во античка Грција, каде ќе го следиме патот на кралот од Итака. Во главните улоги се Мет Дејмон како Одисеј и Том Холанд како Телемах, а во големата актерска екипа се вклучени и Зендаја, Ен Хетавеј, Роберт Патинсон и Шарлиз Терон.
Приказната го следи долгиот и опасен пат на Одисеј кон домот по Тројанската војна, додека се соочува со митски суштества, богови и бројни искушенија кои ја тестираат неговата снаодливост и храброст, во обид да го пронајде патот кон својата сопруга Пенелопа.
Филмот, заснован на истоимениот еп на Хомер, ќе биде снимен целосно на Ај-макс (IMAX), при што Нолан користи нова технологија за да ги прикаже епските сцени во нивната целосна величина. Премиерата е закажана за 17 јули 2026 година.
Спајдермен: Нов ден Филмот го режира Дестин Даниел Кретон. Главната улога повторно ја игра Том Холанд како Питер Паркер/Спајдермен, Зендаја како Ем Џеј и Џејкоб Баталон во улогата на Нед, а се појавува и Џон Бернтал како Панишер. Инаку, Зендаја и Холанд се во врска и надвор од екранот, а на почетокот на годината ја официјализираа нивната свршувачка.
Приказната го следи Питер, кој се обидува да води нормален живот по настаните од „No Way Home“, но нова закана го принудува повторно да го облече костумот на Спајдермен.
Премиерата е закажана за 31 јули 2026 година.
Дина: Месија (Dune: Messiah)
Го видовме далечното вселенско минато и античките митови, а сега одиме длабоко во иднината: таму нè води третиот дел од трилогијата „Дина“ на режисерот Денис Вилнев. Тимоте Шаламе и Зендаја повторно ги толкуваат главните улоги.
Внимание – следува откривање на содржина: Џејсон Момоа се враќа како Данкан Ајдахо, и тоа во форма на „гола“ – клонирана верзија на неговиот поранешен лик. Неговиот син, Накао-Вулф Момоа, кој сега има 16 години, дебитира во филмот како Лето II.
Премиерата е закажана за 18. декември 2026 година.
„Одмаздници: Суден ден“ (Avengers: Doomsday)
Истовремено, на 18. декември пристигнува и „Одмаздници: Суден ден“, најавениот филм на „Марвел“ (Marvel Studios). Во филмот ќе се здружат Одмаздниците, Фантастичната четворка, Икс-мен и други херои за да се спротивстават на Доктор Дума, кого го толкува Роберт Дауни Џуниор.
Неколку други проекти што заслужуваат внимание:
• „Супер Марио – Галаксија“ („Super Mario Galaxy Movie“) Добрата вест е што имаме што да гледаме додека чекаме.
Сезоната на доделување награди, која започна на 18. ноември со европските признанија и трае до нејзиниот врв – доделувањето на Оскарите на 15. март 2026 година, е тука за да нè потсети кои беа најдобрите филмови од 2025 година. Ако сте пропуштиле некој – сега е вистинското време да го погледнете.
Плакат за истоимениот мјузикл на зградата на театарот „Доминион“ во Лондон | Depositphotos
Бебе Јода | Depositphotos
Depostiphoto
Кристофер Нолан | Depositphotos
Depostiphoto
Продолженијата на филмот „Дина“ се познати по рекордната гледаност на глобално ниво | Depositphotos
• „Супергрл – Жената на утрешнината“ („Supergirl – Woman of Tomorrow“)
• „Невестата“ – современа верзија на Франкенштајн („The Bride“)
• „Остроумните: Бесмртниот човек“ („Peaky Blinders: The Immortal Man“) – продолжение на серијата, ја следи приказната за Томи Шелби
• „Смртта на Робин Худ“ („The Death of Robin Hood“) – потемна, пореалистична интерпретација на легендата
• „Драмата“ („The Drama“) – со Роберт Патинсон и Зендаја во главните улоги