„Гугл“ на „Алфабет“ (Alphabet Inc.) го претстави својот четбот Бард (Bard) на корисниците во Европската унија и Бразил и објави дека алатката за вештачка интелигенција сега може да генерира одговори на над 40 јазици, вклучувајќи кинески, хинди и шпански.
ЕУ е меѓу последните кои добија пристап до Бард, кој започна во околу 180 земји претходно оваа година. Доцнењето настанало поради неизвесност за усогласеноста на услугата со Општата регулатива за заштита на податоците на ЕУ, соопшти компанијата.
Американскиот технолошки гигант имаше „многу продуктивни дискусии“ со регулаторите во Европа, им рече на новинарите високиот директор за производи на „Гугл“, Џек Кравчик, пред воведувањето на услугата во ЕУ. „Очекуваме тековен дијалог за тоа како ќе продолжиме да ја градиме таа транспарентност, избор и контрола“.
Прочитај повеќе

Четбот кој не зема поткуп за давање совети е хит во Индија
Во преполните населби на Бангалор, готвачи, чистачи и други работници учествуваат во истражување за вештачката интелигенција
18.06.2023

Холандскиот регулатор сака да знае како постапува ЧетГПТ со личните податоци
Околу 1,5 милион луѓе во Холандија користеле ЧетГПТ во првите четири месеци од неговото лансирање.
07.06.2023

„Алибаба“ вградува во апликациите вештачка интелигенција слична на ЧетГПТ
Асистентот помага со анализа на аудио и видеодатотеки и генерирање текстуални резимеа и сега е отворен за јавноста.
01.06.2023

Маск го претстави својот адут во сферата на вештачката интелигенција
Маск со месеци навестуваше дека сака да создаде алтернатива на популарниот четбот за вештачка интелигенција, ЧетГПТ.
13.07.2023
Тој рече дека „Гугл“ сега ќе им дава јасни известувања на корисниците за тоа како се користат и складираат нивните податоци и ќе им даде опција да не им дозволуваат на вработените во компанијата да ги прегледуваат разговорите, што „Гугл“ го прави со цел да го подобри производот. Овие опции за контрола ќе бидат достапни ширум светот, не само во ЕУ.
Законодавството на ЕУ сè повеќе го забавува воведувањето технолошки производи во блокот. „Мета“ допрва треба да ја лансира својата најнова апликација, Тредс (Threads), во 27-те земји на ЕУ. Тоа е затоа што компанијата сака повеќе време да увиди како ЕУ ќе ги имплементира новите закони за конкуренција што им забрануваат на некои компании да комбинираат податоци меѓу платформи, посочи упатен извор на „Блумберг“.
Услугите за разговор базирани на големи јазични модели веќе се блокирани во Европа поради постоечките закони за заштита на податоците. ЧетГПТ (ChatGPT) на „Опен еј-ај“ (OpenAI), на пример, е привремено недостапен во Италија поради слични проблеми.
„Гугл“ во соопштението објави дека Бард ќе добие други функции во некои делови од светот, вклучително и можност одговорите да се слушаат во говорна форма, да вметнува слики со инструкции и да анализира фотографии со вештачка интелигенција.