text size
Македонија се најде на 70-то место на листата од 100 земји рангирани во новиот извештај Глобален стартап-екосистем за 2023 година, што е пад за едно место во однос на претходната година. Од земјите од регионот Адрија, подобри од нас се Хрватска (на 44-то место), Словенија (на 48-то место) и Србија (на 51-то место), а полошо е рангирана само Босна и Херцеговина (на 100-то место).