text size
ИТ-стартапот „Рола“ (Rolla) од Босна и Херцеговина, социјална платформа за фитнес што им овозможува на корисниците да следат, да се натпреваруваат и да се забавуваат додека вежбаат, доби вкупно 6,3 милиони евра инвестиции во рундата на финансирање „сид“ (ceed). Ова е најголемата инвестиција за некој стартап од фитнес-технолошката сфера во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).