Следниот месец „Мајкрософт“ (Microsoft Corp.) ќе почне да ги прави функциите за вештачка интелигенција (ВИ) во својот пакет Офис (Office) широкодостапни за корпоративните клиенти. Набрзо потоа ова ќе ја вклучува можноста ВИ да ја чита вашата електронска пошта, да го научи вашиот стил на пишување и да составува пораки во ваше име.
Да не мора да пишувате е-пошта звучи многу неверојатно. Да се биде на страната на примачот, пак, е сосема друга приказна.
Јусуф Мехди, главен маркетинг-директор за потрошувачи на „Мајкрософт“, ми раскажа една анегдота на настанот за вештачка интелигенција на компанијата пред неколку недели. Мехди рече дека некој што го познава (но дефинитивно не тој лично) составил порака напишана од друг софтвер за вештачка интелигенција за неговата сопруга. Но таа не наседнала на трикот.
Прочитај повеќе
ЕУ подготвува построги правила за најголемите системи за вештачка интелигенција
Преговарачите на Европската Унија го поддржаа планот за поставување дополнителни ограничувања на најголемите системи за вештачка интелигенција.
09.10.2023
Јапонски милијардер порачува: Разбудете се, прифатете ја вештачката интелигенција
Збирот на знаење што ќе го има вештачката интелигенција ќе биде десет пати поголемо од знаењето на целото човештво во рок од десет години
04.10.2023
„ЏП Морган“: Вештачката интелигенција ќе ја скрати работната недела на три и пол дена
Вашите деца ќе доживеат 100 години и нема да имаат рак поради технологијата, вели Џејми Дајмон.
03.10.2023
Вештачката интелигенција доаѓа на Инстаграм, Месинџер и Ватсап
Компанијата „Мета“ воведува функции за вештачка интелигенција (ВИ) во своите апликации.
28.09.2023
ЦИА креира алатка во стилот на ЧетГПТ наменета за шпионажа
Американските разузнавачки агенции добиваат сопствена алатка во стилот на ЧетГПТ за да чешлаат големи количества јавно достапни информации.
27.09.2023
Последната година милиони луѓе го користеа ЧетГПТ (ChatGPT) за помош со работи како пишување пораки до колегите и најблиските. Едно нешто во кое се истакнува генеративната вештачка интелигенција е имитирање на говорот на луѓето, како што беше потврдено од неодамнешните производи од „Карактер“ (Character.ai) и „Мета“ (Meta Platforms Inc.) што имитираат познати и историски личности.
Додавањето на можноста за креирање е-пошта во стилскиот израз на корисникот во Аутлук (Outlook) ќе означи важен момент во влијанието на вештачката интелигенција врз комуникацијата меѓу вистинските луѓе. Тоа нема да понуди само пополнување неколку збора; функцијата може да напише цела телеграма со сочувство или поезија за вашиот љубовен партнер. Способноста да учи од пораките на корисникот веројатно ќе ги направи нејзините имитации поубедливи, а за разлика од ЧетГПТ, опцијата ќе биде веднаш до секоја порака, подготвена да подаде рака за помош.
„Мајкрософт“ соопшти дека ова е една од најбараните функции од деловните клиенти, кои тестираат некои алатки на Офис копилот (Office Copilot). Еден од тие клиенти, телекомуникациската компанија „Лумен“ (Lumen Technologies) посочи дека е подготвена да ги испроба функциите за составување е-пошта со колегите. „Тоа е чудно, но целиот овој простор е таков“, рече Карл Вилсон, виш директор за квалитет на услуги во „Лумен“. „Сите ние учиме во оваа нова ера на вештачката интелигенција“.
Пораките напишани со вештачка интелигенција нема да доаѓаат со никакво појаснување за примачите, посочија од „Мајкрософт“. Џаред Спатаро, потпретседател на „Мајкрософт“, го споредува со човечки асистент. Тие може да напишат лична порака за брачниот другар, во комбинација со букет цвеќе, на пример. „’Мајкрософт’ само го става на располагање за секој канцелариски работник што сака да троши 30 долари месечно по корисник“, рече Спатаро. Корисничката верзија на Офис копилот само што влезе во фазата на тестирање.
Веројатно има многу сопружници што би биле разочарани кога би дознале дека вештачка интелигенција ги напишала нивните честитки за годишнината. Тоа е еден од проблемите кога се обидувате да го претставите пишувањето на бот како ваше. (Прецизноста е друг.)
Вештачката интелигенција ќе ги отклучи сите видови можности за подобрување на продуктивноста и делегирање задачи што не сакаме да ги правиме самите. „Опен еј-ај“ (OpenAI) воведе говорна услуга на 25 септември, која може да состави и гласно да чита приказна пред спиење. Во тестот на мојот колега, ЧетГПТ излезе со многу пристојна приказна за Моето мало Пони (My Little Pony), раскажана со смирувачки глас.
Сакате четбот да ви го заспие детето? ВИ е секако чудна технологија, но тоа звучи малку повеќе чудно.