Дарон Аџемоглу уште на самиот старт сака да појасни дека нема ништо против вештачката интелигенција. Тој ја разбира нејзината потенцијална вредност. „Јас не сум песимист за вештачката интелигенција“, изјавува тој на почетокот од интервјуто.
Она што го прави Аџемоглу, познатиот професор на МИТ (Институтот за технологија во Масачусетс), да изгледа како гласник на катастрофа, насочен кон економските и финансиските ризици што се појавуваат, се растечката фама околу оваа технологија и начинот на кој таа поттикнува инвестициски бум и фуриозен раст на технолошките акции.
Иако вештачката интелигенција ветува многу, Аџемоглу вели дека е малку веројатно таа да ги исполни тие очекувања. Според неговите пресметки, само мал процент од сите работни места - едвај 5 отсто - ќе биде преземен или барем значително засегнат од вештачката интелигенција во следната деценија. Добра вест за работниците, но многу лоша за компаниите што вложуваат милијарди во технологијата со очекување таа да предизвика голем пораст на продуктивноста.
Прочитај повеќе
„Опен еј-ај“ дозволува неговиот гласовен асистент да се користи и во други апликации
„Опен еј-ај“ им овозможува на бизнисите и на програмерите да го вклучат неговиот гласовен асистент во реално време во своите апликации.
02.10.2024
„Опен еј-ај“ ѝ предлага на Белата куќа изградба на огромни центри за податоци
„Опен еј-ај“ ѝ претстави на администрацијата на Бајден потреба од изградба на масивни центри за податоци.
25.09.2024
Земјоделците користат роботи со вештачка интелигенција за поздрави посеви
Земјоделците, кои годишно трошат 37 милијарди долари за прскање на полињата со течни хербициди, сè почесто пробуваат нов модел.
24.09.2024
Можна е финансиска криза ако брокерите користат ист модел на вештачка интелигенција
Претседателот на КХВ на САД го спореди ризикот со ботот за вештачка интелигенција прикажан во филмот „Таа“ (Her).
19.09.2024
Ќе знаеме ли што е вистина кога ВИ ќе загосподари со нашите уреди
Eволуцијата на паметните уреди со себе носи мноштво нови ризици и закани, кои корисниците можеби не ги сфаќаат доволно сериозно.
12.09.2024
„Многу пари ќе бидат залудно потрошени“, вели Аџемоглу. „Нема да добиете економска револуција од тие 5 отсто“.
Аџемоглу стана еден од гласните и високопрофилирани критичари што предупредуваат дека еуфоријата за вештачката интелигенција на Волстрит и во раководните канцеларии низ Америка отиде предалеку. Како професор на МИТ, Аџемоглу се прослави надвор од академските кругови пред една деценија, кога беше коавтор на „Зошто нациите потфрлаат“ (Why Nations Fail), книга што стана бестселер на „Њујорк тајмс“. Вештачката интелигенција и појавата на нови технологии, генерално, заземаа централно место во неговата економска работа со години.
Оптимистите тврдат дека вештачката интелигенција ќе им овозможи на компаниите да автоматизираат голем дел од работните задачи и ќе поттикне нова ера на медицински и научни откритија, бидејќи технологијата постојано се подобрува. Џенсен Хуанг, извршен директор на „Енвидија“ (Nvidia), компанија чие име стана синоним за бумот на вештачката интелигенција, предвидува дека зголемената побарувачка за услугите од оваа технологија од поширок спектар компании и влади ќе бара околу 1 трилион долари за надградба на опремата во центрите за податоци во следните години.
Скептицизмот за ваквите тврдења почна да расте - делумно затоа што инвестициите во вештачка интелигенција ги зголемија трошоците многу побрзо од приходите кај компании како „Мајкрософт“ (Microsoft) и „Амазон“ (Amazon) - но повеќето инвеститори сè уште се подготвени да плаќаат високи премии за акции што се на позиција да ги следат трендовите на вештачката интелигенција.
Аџемоглу предвидува три можни сценарија за тоа како ќе се развива приказната за вештачката интелигенција во следните години.
Првото и најбезопасно сценарио предвидува постепено ладење на фамата и инвестициите, при што „скромните“ примени на технологијата ќе станат доминантни.
Во второто сценарио еуфоријата трае уште околу една година, што води кон колапс на технолошките акции и ги остава инвеститорите, извршните директори и студентите разочарани од технологијата. „Пролет на вештачката интелигенција, проследена со зима на вештачката интелигенција“, го нарекува тоа сценарио.
Третото и најстрашно сценарио е дека манијата ќе продолжи со години, што ќе доведе до масовно кратење работни места и пумпање стотици милијарди долари во вештачка интелигенција „без да се разбере што точно ќе се постигне со неа“, по што компаниите ќе бидат принудени повторно да ги вработуваат работниците кога технологијата нема да ги исполни очекувањата. „Тогаш ќе има широкораспространети негативни последици за целата економија“.
Најверојатното сценарио? Аџемоглу смета дека тоа е комбинација од второто и третото сценарио. „Во управните канцеларии постои премногу страв од пропуштање на бумот на вештачката интелигенција за да се предвиди забавување на хипермашината во скоро време“, вели тој и додава дека „кога фамата ќе се засили, падот веројатно нема да биде мек“.
Денешните големи јазични модели, како што е ЧетГПТ (ChatGPT) од „Опен еј-ај“ (OpenAI), се импресивни во многу погледи, вели Аџемоглу. Па, зошто тие да не можат да ги заменат луѓето или барем значително да им помогнат на многу работни места? Тој посочува на проблемите со доверливоста и недостигот од човечка мудрост или расудување, што ќе ги направи луѓето неволни да ѝ препуштат важни задачи на вештачката интелигенција во скоро време. Исто така, тој вели дека вештачката интелигенција нема да може да автоматизира физичка работа како што се градежништвото или хигиенските услуги.
„Потребни ви се високодоверливи информации или способност на овие модели веродостојно да изведуваат одредени чекори што претходно ги вршеа работниците“, вели тој. „Тие можат да го направат тоа на неколку места со човечки надзор - како кодирање - но на повеќето места не можат“.
„Ова е реалноста за тоа каде сме во моментот“, рече тој.