text size
Геополитичките случувања и војната во Украина, високите цени на енергентите и инфлацијата шаренолико ја бојадисаа сликата на годинешните остварувања на компаниите што го формираат индексот МБИ10 на Македонската берза. Анализата на деветмесечните финансиски извештаи на десетте компании од МБИ10 покажува дека сите ,освен Стопанска банка Битола, работеа со добивка, меѓутоа некои од нив успеаја да остварат подобри резултати во однос на истиот период минатата година, а други забележаа намалување на профитот. Сите компании укажуваат дека се очекуваат отежнати услови за работа и намалена економска активност во 2023 година, а главен проблем ќе биде неизвесноста.