„ЏП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co.) ја зголеми својата проекција за цената на акциите на „Алибаба“ (Alibaba Group Holding Ltd.) котирани на берзата во Хонгконг за речиси 45 отсто, поставувајќи ја највисоката вредност меѓу аналитичарите што ги следи „Блумберг“.
Новата цел од 240 хонгконшки долари (31 американски долар) по акција до крајот на 2026 година значи раст од 36 отсто во однос на затворањето на берзата во вторникот. Вреднувањето, кое е 12 пати над проектираната добивка на банката за фискалната 2028 година на „Алибаба“, „нуди значителен простор“ за раст, напишаа аналитичарите предводени од Алекс Јао, наведувајќи подобрени приходи од облак-секторот и посилната усогласеност меѓу ВИ и е-трговијата.
Акциите на „Алибаба“ котирани во Хонгконг скокнаа за 53 отсто во септември, што беше најдобар резултат на индексот Hang Seng. Инвеститорскиот ентузијазам нагло порасна откако компанијата објави планови за зголемување на вложувањата во ВИ над првичната цел од повеќе од 53 милијарди долари и ново партнерство со „Енвидија“ (Nvidia Corp.).
Прочитај повеќе

Акциите на „Алибаба“ скокнаа по рекордната инвестиција во АИ од над 50 милијарди долари
Акциите на „Алибаба“ скокнаа на највисоко ниво во четири години откако компанијата најави рекордни вложувања во вештачка интелигенција од над 50 милијарди долари.
24.09.2025

„Алибаба“ сака дел од брендовите од „Амазон“ да донесе на „Али експрес“
Со пониски провизии и трошоци за испорака, „Али експрес“ ја засилува офанзивата на американскиот пазар во обид да ја надмине доминацијата на „Амазон“.
22.09.2025

„Алибаба“, со зделка од речиси 3,2 милијарди долари, лидер во технолошката експанзија
„Алибаба“ ја предводи најновата трка за капитал меѓу кинеските технолошки гиганти, со зделка од 3,17 милијарди долари, што ја нагласува жестоката конкуренција во вештачката интелигенција.
11.09.2025

Рефлекторите свртени кон „Интел“: Ќе воскресне ли технолошкиот гигант?
Крајот на летото покажа дека во позадината на лошите резултати на „Интел“ долго се работело на план за воскреснување, чиј исход би требало да се знае веќе во 2026 година.
26.09.2025

„Енвидија“ инвестира 2 милијарди фунти во британските „Вејв“ и „Револут“
„Енвидија“ ќе вложи 2 милијарди фунти во британски компании за развој на вештачка интелигенција, со фокус на стартапи за автономни возила и јакнење на технолошкиот сектор.
19.09.2025

„‘Алибаба’ е позиционирана да биде присутна во сите сегменти на вештачката интелигенција – од инфраструктурата и платформите до апликациите – при што директно ја подобрува профитабилноста на трговците“, изјави Јао. Во извештајот се додава дека инвеститорите треба да ги занемарат негативните ефекти од очекуваната ценовна војна во услугите за достава на храна и брзата трговија во 2027 година.
Зголемувањето на проекцијата за акциите доаѓа од истиот тим што во март 2022 година, поради погрешна формулација во извештајот, некои од кинеските интернет-акции ги означи како „неисплатливи за инвестирање“.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...