„Рио Тинто груп“ (Rio Tinto Group) е во разговори за купување на „Гленкор“ (Glencore Plc) со цел создавање на најголемата рударска компанија во светот, со комбинирана пазарна вредност поголема од 200 милијарди долари, нешто повеќе од една година откако претходните разговори меѓу двете компании пропаднаа.
Компаниите разговарале за можен спој на дел или на целокупниот свој бизнис, вклучително и преземање целосно преку размена на акции, соопштија тие во одделни соопштенија во четвртокот. Американските депозитарни потврди на „Гленкор“ пораснаа за 8,8 отсто во Њујорк. Акциите на „Рио Тинто“ паднаа до 6,6 отсто во тргувањето во Сиднеј, што некои аналитичари го опишаа како реакција на ограничените достапни детали.
Спојувањето на двете компании би претставувало најголема зделка досега во индустрија која е зафатена од бран преземања, додека најголемите производители настојуваат да го зголемат своето присуство во бакарот, клучен метал за енергетската транзиција, кој се тргува близу рекордни нивоа. „Гленкор“ и „Рио Тинто“ поседуваат големи бакарни средства, а потенцијалната зделка би создала нов рударски гигант што би му конкурирал на „БХП“ (BHP Group), која долго време ја носи титулата најголемата рударска компанија во светот.
Прочитај повеќе
Преседан во формирањето на цените за железна руда - „Рио Тинто“ напушта водечки индекс
Кина врши притисок врз западните механизми за одредување на цените...
29.12.2025
Царините на Трамп за алуминиум ги зголемија трошоците на „Рио Тинто“ за 300 милиони долари
Рударскиот гигант „Рио Тинто“ соопшти дека американските царини за неговиот алуминиум генерирале бруто трошоци од над 300 милиони долари во првата половина од годината.
16.07.2025
Алуминиумот достигна 3.000 долари за прв пат од 2022 поради загриженост за понудата
Цената на алуминиумот се искачи над 3.000 долари за тон за прв пат по повеќе од три години поради заострените изгледи за понудата и долгорочните облози за побарувачката.
02.01.2026
Бакарот е на чекор да запише најголем годишен раст од 2009 година
Црвениот метал достигна серија рекордни максимуми во порастот на крајот од годината, поскапувајќи во 2025 за повеќе од 40 проценти.
31.12.2025
Цената на бакарот достигна рекорд во Кина, скок и во Њујорк поради страв од недостиг
Бакарот продолжи со силниот годишен раст, со рекорд на берзата во Шангај, како и во Њујорк, додека инвеститорите стравуваат од недостиг од металот.
26.12.2025
Сепак, аналитичарите и претходно укажуваа на можни пречки за зделката. „Гленкор“ е еден од најголемите светски производители на јаглен, дејност од која „Рио Тинто“ претходно се повлече, а двете компании имаат и многу различни корпоративни култури.
Гери Нагл, извршен директор на „Гленкор“. Фотограф: Хозе Сендoн / БлумбергBloomberg
Овој потег следува откако извршниот директор на „Рио Тинто“, Сајмон Трот, минатиот месец изјави дека компанијата ќе се фокусира на намалување на трошоците и продажба на средства, со цел да се трансформира во поефикасна и пофокусирана операција, првенствено насочена кон железна руда и бакар. Трот, кој го водеше одделот за железна руда на „Рио Тинто“ пред да ја преземе функцијата во август, има за цел да ја заостри организациската структура, за која критичарите тврдат дека во последниве години станала преобемна.
„Ова е првиот тест за Сајмон како извршен директор и очекувам неговиот дисциплиниран пристап да се пренесе и на спојувањата и преземањата“, изјави Џон Ајуб, портфолио-менаџер во „Вилсон“ (Wilson Asset Management), акционер во „Рио Тинто“. „Јагленот е сегментот каде што недостасуваат детали. Би се очекувало јагленот да биде меѓу првите средства од кои споената компанија би се ослободила, но денес сите само нагаѓаме.“
„Рио Тинто“ и „Гленкор“ водеа разговори во 2024 година, но тие беа прекинати откако не успеаја да се договорат околу вреднувањето. Оттогаш, „Рио Тинто“ го смени извршниот директор, додека „Гленкор“ вложи напори јавно да ги истакне своите изгледи за раст во бакарот. Во приватни разговори, извршниот директор на „Гленкор“, Гери Нагл, го опишал спојувањето меѓу „Рио Тинто“ и „Гленкор“ како најочигледната зделка во индустријата. Сепак, јазот меѓу вреднувањата на двете компании се проширил во однос на претходните разговори.
Разговорите доаѓаат во момент кога бакарот никогаш е на историски високи нивоа Металот се искачи на рекордни нивоа над 13.000 долари за тон претходно оваа недела, поттикнат од низа прекини во работата на рудниците и потези за создавање залихи во САД пред можни царини од администрацијата на Трамп. Тоа дополнително го засили веќе постоечкиот фокус кај раководителите во рударството и инвеститорите дека идните испораки на металот ќе бидат ограничени, бидејќи недостигот од нови рудници не успева да ја задоволи очекуваната побарувачка од вештачката интелигенција и растечката потрошувачка за одбрана.
Спојувањето меѓу „Рио Тинто“ и „Гленкор“ би ја создало водечката рударска компанија во светот
Компаниите имаат комбинирана пазарна вредност поголема од 200 милијарди долари
Bloomberg
За „Рио Тинто“, зделка со „Гленкор“ би значела значително проширување на производството на бакар и би ѝ обезбедила удел во рудникот „Колахуаси“ (Collahuasi)во Чиле, едно од најбогатите наоѓалишта во светот, за кое компанијата одамна покажува интерес. Иако „Рио Тинто“ веќе поседува значајни бакарни средства, и таа и поголемиот ривал „БХП“ сè уште остваруваат значителен дел од својата заработка од железна руда, пазар што се соочува со неизвесна иднина на побарувачката, додека повеќедеценискиот градежен бум во Кина се приближува кон крајот.
Сајмон Трот, извршен директор на „Рио Тинто“. Фотограф: Мет Џелонек/Bloomberg
„Има многу логика“, изјави Бен Клири, портфолио-менаџер во „Трибека“ (Tribeca Investment Partners). „Ова е единствената голема остварлива рударска зделка на пазарот.“
Новите разговори доаѓаат во рамки на поширок бран зделки во секторот, најново со договорот на „Англо Aмерикан“ (Anglo American Plc) за купување на „Тек ресурсис“ (Teck Resources Ltd.), откако „Англо“ успешно одби обид за преземање од страна на „БХП“. Претседателот на „Рио Тинто“, Доминик Бартон, сигнализираше дека компанијата се оддалечила од серијата катастрофални зделки од минатото, наведувајќи дека ќе биде поотворена кога станува збор за аквизиции.
И самиот „Гленкор“ во минатото беше еден од најагресивните купувачи во индустријата, вклучително и смел предлог за спојување со „Рио Тинто“ во 2014 година, предводен од поранешниот извршен директор Иван Гласенберг, кој и понатаму поседува околу 10 отсто од компанијата.
Во поново време, „Гленкор“ е под сè поголем притисок од инвеститорите, откако акциите минатата година заостанаа зад пазарот, под влијание на слабите цени на јагленот и прашањата околу стратегијата на компанијата. „Гленкор“ ги постави своите бакарни рудници во центарот на бизнисот, а извршниот директор Нагл минатиот месец ги изложи плановите за речиси двојно зголемување на производството на бакар во следната деценија.
Иако бакарните средства на „Гленкор“ веројатно се главниот адут, компанијата е и најголемиот светски извозник на јаглен. Таа исто така ископува метали како никел и цинк, а располага и со огромен трговски бизнис.
Не е јасно дали „Рио Тинто“ би сакала да ги купи сите тие средства и бизниси. „Гленкор“ претходно предложи раздвојување на својата обемен сектор за јаглен, но акционерите ѝ порачаа на компанијата дека сакаат таа да остане во рамките на групацијата.
Според правилата за преземања во Обединетото Кралство, „Рио Тинто“ има рок до 5 февруари да потврди дали ќе поднесе понуда или ќе се повлече во период од шест месеци.
За разговорите првично објави „Фајненшл тајмс“.