Деловните изгледи на Германија малку се подобрија во септември, но останаа на историски ниски нивоа бидејќи економијата се соочува со нова контракција во овој квартал.
Мерачот на очекувањата на институтот „Ифо“ (Ifo) се искачи на 82,9 од 82,7 во август - нешто полошо отколку што проценија економистите во анкетата на „Блумберг“.
„Економијата не се распаѓа, но не се стабилизира“, изјави претседателот на „Ифо“, Клеменс Фуест, за телевизијата Блумберг. „Германската економија тешко излегува од оваа криза односно од стагнацијата. Она што го гледаме во податоците е мешана вреќа“.
Прочитај повеќе
Како економското чудо на Германија стана неволја на Европа
Колку и да беше импресивен, извозниот модел на Германија никогаш не беше идеален.
21.09.2023
ММФ: Очекувавме вакво забавување на економијата
Производството опаѓа, следуваат услугите - дебата за иднината на финансиите.
19.09.2023
Германија и Аргентина се единствени земји од Г20 каде БДП паѓа
ОЕЦД ги намали прогнозите и за следната година
19.09.2023
Зголемени тензии меѓу Кина и Германија поради електричните возила
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок вели дека ЕУ треба да биде помалку зависна од Кина.
19.09.2023
Германија бавно ќе закрепнува: Колку тони тежи тоа во македонски мерки
Моторот на европската економија за две години ќе се стабилизира, но ќе остане далеку од нивото од пред кризата.
19.09.2023
Прогнозите за Германија се подобруваат, но ризици има и натаму
Посветлите економски изгледи за Германија се во согласност со значително пооптимистичките изгледи за развојот на меѓународните берзи
12.09.2023
Откако претрпе рецесија во шесте месеци до март и стагнираше во вториот квартал, германската економија веројатно повторно се намалува бидејќи слабата глобална побарувачка, инфлацијата и повисоките каматни стапки ги натежнуваат компаниите и домаќинствата. Тоа ја прави Германија единствената голема земја од еврозоната за чие производство се прогнозира да се намали оваа година.
Европската централна банка не смее да ја тестира економијата на регионот до точка на кршење, предупреди претходно во понеделникот членот на Управниот совет Франсоа Вилерој де Галхау.
Обемот на проблемите на Германија исто така ја засили загриженоста за нејзините долгорочни перспективи. Меѓу предизвиците се намалената работна сила, потребата од транзиција од фосилните горива и прекумерното потпирање на трговските врски со Кина.
Како дополнителен знак на слабост се деловните истражувања на „СП глобал“ (S&P Global), кои во петокот покажаа дека активноста на приватниот сектор во септември се намалува трет месец по ред, поради слабата побарувачка за стоки и услуги. Производствениот сектор е во најлоша состојба во последно време.
Има некои светли точки, вели Фуест, кој го наведе зголемувањето на расположливите приходи како таква.
„Очекуваме побарувачката на потрошувачите да се стабилизира во наредните месеци“, рече тој. „Перспективата дека ЕЦБ можеби нема дополнително да ги зголеми стапките исто така ќе има стабилизирачки ефект.
Но, поради економските проблеми, поддршката за владата на канцеларот Олаф Шолц падна на рекордно ниски 17 отсто во анкетата објавена во неделата од „Билд ам зонтаг“. Тоа е за 8,7 процентни поени под комбинираниот резултат на тристраната коалиција на сојузните избори во 2021 година. Екстремно десничарската АфД, во меѓувреме, се искачи на 22 отсто во загрижувачки развој за демократските партии и инвеститорите.
„Владините политики создадоа голема неизвесност за компаниите“, рече Фуест. „Има многу бирократија. И прашањето е дали владата успева да го промени тоа, да тргне по друг пат. Ако се случи тоа, тогаш има потенцијал во Германија“.