text size
Во период на енормно зголемување на цените на енергенсите и раст на инфлацијата кој не се памети со децении наназад, извесно е дека е загрозен опстанокот на голем број македонски компании и животниот стандард на населението. Кризниот период носи предизвици и за македонскиот банкарски сектор, кој што го дочекува економскиот шок во одлична кондиција. Водечките менаџери од најголемите банки во земјава во рамките на 21.годишна конференција на Македонската берза што минатата недела се одржа во Охрид порачаа дека банките треба да се искористат како мост за пребродување на кризата и дека најверојатно ќе треба да се воведат нови мерки како за време на пандемијата од Ковид-19 за да се амортизира ударот врз реалниот сектор и домаќинствата.