text size
Се исплати ли во Македонија да се инвестира во фотоволтаични централи за производство на струја е прашање што заслужува сериозно внимание во период на разгорување на енергетската криза. Искусни енергетичари укажуваат дека во услови на енормен пораст на цените на енергенсите е оправдано што се повеќе македонски компании инвестираат во вакви капацитети за да обезбедат сигурност во снабдувањето и зелена енергија, но дел од нив потенцираат дека веќе доаѓа до заситеност на пазарот и дека македонскиот енергетски систем не може да ги издржи најавените инвестиции.