text size
Точно е дека има проблем во однос на преноост на струја од Бугарија кон Македонија откако двете земји на високо ниво договорија од источниот сосед, од почетокот на октомври до крајот на март кон земјава да течат по 200 мегавати базна струја на секој час за потребите на стопанството. Според нашите информации за да се успее, оваа струја во земјава ќе влегува преку Грција. Директорот на македонскиот електропреносен систем, МЕПСО, Орхан Муртезани, за Блумберг Адриа вели дека има мал проблем, но тој ќе биде решен навреме.