text size
Во период кога струјата станува скапоцен ресурс и кога граѓаните се во исчекување на сметките за затоплување во престојната зима, енергетската ефикасност на објектите за домување и на компаниите може да има значителна улога во заштедата на енергија и полесно пребродување на кризата. Податоците од последниот попис откриваат катастрофална состојба во однос на енергетската ефикасност на живеалиштата во Македонија, што дополнително може да ги влоши последиците од актуелната енергетска криза.