text size
Kаматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 процетни поени (п.п.) до нивото од 3,5 проценти, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. Понудата на записи останува на истото ниво од 10 милијарди денари. Истовремено е одлучено да се зголемат и каматните стапки на расположливите депозити преку ноќ и на седум дена, исто така за по 0,5 п.п.