text size
Голем број од македонските извозници треба да се молат да не се остварат најавите за рецесија во Германија во следната година со оглед на тоа што приближно половина од вкупниот извоз на Македонија завршува во оваа земја. Нашата анализа покажа дека, всушност, четири од пет најзастапени производи во македонскиот извоз главно се продаваат на германскиот пазар и се наменети за автомобилската индустрија.