text size
Македонските граѓани не се навикнати во првиот ден од ноември да има пролетни температури, кои достигнуваат над 20 Целзиусови степени. Според прогнозите на синоптичарите, невообичаено топлото време за овој период од годината ќе се задржи и во текот на наредната недела, по што би требало да дојде до мало опаѓање на температурите. Во период кога светот се соочува со енергетска криза, а цените на енергентите уриваат рекорди, топлото време во ноември им оди во прилог на голем број домаќинства, кои засега успеваат да заштедат, бидејќи сѐ уште не мора да ги затоплуваат домовите или го прават тоа само повремено. Никој не може со сигурност да каже каква зима нѐ очекува и колкави ќе бидат потребите за енергенти за затоплување на домовите. Сепак, податоците од долгогодишните мерења на температурите на воздухот и врнежите на дожд и снег укажуваат дека климатските промени се веќе тука и дека во иднина тоа ќе донесе и промени во потребите за затоплување на домовите, односно за топлинска енергија.
Снемува снег во градовите
Демир Капија е единствениот град во Македонија во кој лани имало повеќе денови со појава на снег во однос на просекот од периодот 2016-2020, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во сите други градови во кои се вршени континуирани мерења лани имало значително намалување на бројот на снежни денови во однос на повеќегодишниот просек.
Прочитај повеќе
Европејците во очај се враќаат кон огревното дрво
Цените на дрвените пелети се речиси двојно зголемени на 600 евра за тон во Франција
08.10.2022
Криза на пазарот: доаѓа време кога „пелети со пари не се купуваат“
Во моментов пелети се увезуваат од Турција, домашното производство покрива само 20 отсто од потребите
11.10.2022
Хелсинки пронајде необичен извор на енергија за греење-ладна морска вода
Проектот е вреден 400 милиони евра, а системот ќе покрие 40 проценти од потребите на главниот град
22.10.2022
Науката дефинира дека Македонија е под влијание на две зонални клими, медитеранска и континентална, и една локална, планинска клима. Дејствата на зоналните и локалните климатски влијанија се комбинираат меѓусебно, што создава посебни локални климатски карактеристики во одделни делови на државата. Како регион со највисоки просечни температури се издвојува крајниот јужен дел на Македонија, по долината на реката Вардар, односно Гевгелиско-валандовската котлина што се протега до Демир Капија на север. Овој регион е под силно термичко влијание на Егејско Море, со средна годишна температура на воздухот до 14 Целзиусови степени и повеќе.