text size
Освен регуларните камати што банките ги пресметуваат на издадените кредити, од 1 јануари идната година се зголемува и казнената камата, и тоа драстично. Референтна каматна стапка за пресметка на затезната камата во Македонија е основната камата што ја одредува Народната банка. Пресметките се прават двапати годишно, на секое полугодие, или еднаш од јули, еднаш од јануари. Ако во периодот од шест месеци немало промени на основната камата, не се менува и казнената, но овој пат тоа не е случај. Во услови на висока инфлација, Народната банка годинава во повеќе наврати ја зголеми основната камата, што доведе до ситуација за шест месеци таа да се зголеми дури за 2,75 проценти поени, или од 2 процента, колку што била на крајот на јуни, до 4,75 сега. Ако до крајот на годината Народната банка не направи уште едно приспособување, тогаш токму оваа стапка ќе биде основа за пресметката на казнената камата што ќе важи за првото полугодие од 2023 година.