text size
Некогашниот малку значаен трговски партнер на Македонија, во последните неколку години станува редовен член на листата од десет земји со кои Македонците имаат најголема трговска размена. Притоа, важно е да се нагласи дека увозот од Кина континуирано го надминува македонскиот извоз. Вредноста на македонскиот извоз во Кина во 2004 година изнесуваше околу еден милион евра, а лани 54,9 милиони евра. Истовремено, вредноста на увозот од Кина во Македонија се зголеми од 64,9 милиони евра на 949 милиони евра. Растот на трговската размена меѓу двете земји продолжува и во првата половина од годинава, период во кој Кина стана петти најголем трговски партнер на Македонија (зад Германија, Велика Британија, Грција и Србија). Во првата половина од годинава двете земји тргувале производи со вкупна вредност од 499 милиони евра, што е за 12,2 отсто повеќе во однос на истиот период од 2022 година. Од вкупната трговска размена, извозот на македонски производи во Кина изнесува 41 милион евра, а вредноста на увозот во спротивна насока е 458 милиони евра.