text size
Министерството за финансии на почетокот на ноември годинава ќе ја издаде втората емисија на двегодишни граѓански обврзници во износ од 600 милиони денари (безмалку 10 милиони евра) со каматна стапка од пет проценти. Втората емисија следува по успешноста на првата историска емисија на граѓански обврзници во јули годинава, кога на аукцијата учествуваа 1.283 граѓани, кои запишаа двегодишни обврзници со камата од пет проценти, во износ од 1,4 милијарди денари (23,5 милиони евра), што беше двојно повеќе од понудата. Во пресрет на 31 Октомври, Денот на штедењето, анализираме дали Владата со поголема понуда на граѓански обврзници може повеќе да се потпре на македонските штедачи за финансирање на јавниот долг и да ја раситни депозитната база на банките, која со години континуирано се зголемува.