text size
Намалување на договорите со странските партнери и намалување на бројот на вработени бележи текстилната индустрија. Според Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи и менаџер на познатата светиниколска конфекција „Мода“, годината што изминува е неповолна за текстилниот сектор. Димитров посочува дека причина за намалување на склучените договори со странските партнери е економската криза во нивните земји, особено во Германија, којашто е еден од најголемите трговски партнери на државава.