text size
Владата, трговците, добавувачите, потрошувачите, експертите и сите останати засегнати страни продолжуваат жестоко ја бијат „битката за цените“ обидувајќи се да докажат кој е виновен за скапотијата по маркетите и како таа да се скроти. Последната вест пред викендот беше дека Комисијата за заштита на конкуренцијата повела прекршочна постапка за четири синџири на маркети поради наводно меѓусебно незаконско договарање на цени.
Според Комисијата, контролираните субјекти незаконски се договориле дека заедно нема да набавуваат стоки од добавувачи кои ќе достават нови ценовници за нивните производи.