Белата куќа се подготвува да објави договори за цените на лековите со фармацевтските гиганти „Новартис“ (Novartis AG) и „Рош холдинг“ (Roche Holding AG) уште в петок, велат добро упатени извори, што дополнително ќе придонесе за ублажување на трговските тензии со Швајцарија околу царините.
Во најавата би можеле да бидат опфатени и други фармацевтски компании, а деталите сè уште се предмет на промени, наведуваат истите извори. „Фајзер“ (Pfizer Inc.), „Астра Зенека“ (AstraZeneca Plc) и други компании во последните месеци постигнаа договори со администрацијата на Доналд Трамп, прифаќајќи намалување на цените во одредени случаи, во замена за олеснувања од царините.
Швајцарија минатиот месец постигна прелиминарен трговски договор за намалување на царините за голем број домашни производи, вклучувајќи ги и часовниците, на 15 отсто од претходните 39 отсто. Алпската земја беше погодена со највисоката царинска стапка што администрацијата на Доналд Трамп ја воведе кон некоја развиена земја. Како и златото и полупроводниците, фармацевтските производи беа изземени од царините, но Трамп најави можни идни давачки.
Прочитај повеќе
Европската биотехнолошка ѕвезда „Абивакс“ пред клучна година по растот од 1.300 отсто
По растот од 1.300 отсто, успехот на „Абивакс“ сега зависи од клиничките податоци во 2026 година, кои ќе одлучат дали лекот против хронично воспалително заболување на цревата ќе добие зелено светло од регулаторите.
04.12.2025
„Фајзер“ ја победи „Ново Нордиск“ во лицитациска војна за стартап за лекови за слабеење
„Фајзер“ се согласи да го купи стартапот за лекови за слабеење „Метсера“ во договор вреден 10 милијарди долари, по бурното лицитирање со „Ново Нордиск“.
08.11.2025
Борба за напредок во лекувањето на ракот на простата
Со децении мажите заболени од оваа болест можат да избираат меѓу две можности: да живеат со ракот или со последиците од неговото елиминирање. Овој доктор е заговорник на алтернатива, која, како што тврди, е попрецизна, похумана и поефикасна.
14.11.2025
Tрамп планира нов бран царини со 100 отсто давачки на патентирани лекови
Американскиот претседател Доналд Трамп најави 100 отсто царини на патентирани лекови од 1 октомври, потег што предизвика потреси на берзите и загриженост кај фармацевтските гиганти.
26.09.2025
Накратко од светот: Трамп ќе воведе царини за лекови до 1 август
Трговските договори стануваат сè посложени, а најновите најави за царини би можеле да ги променат правилата на глобалната економија.
16.07.2025
Трамп во текот на летото испрати писма до 17 фармацевтски компании, барајќи од нив да ги намалат трошоците за американската државна програма за здравствено осигурување, да се согласат нивните лекови да бидат достапни преку платформа за директна продажба до потрошувачите брендирана со името на Трамп и идните цени да ги усогласат со оние што се наплаќаат во странство. За возврат, компаниите добија повеќегодишно олеснување од најавените царини и од можни регулаторни мерки.
Повеќето компании што ги добија писмата од Трамп сè уште немаат објавено договори, меѓу кои се „Абви“ (AbbVie Inc.), „Берингер Ингелхајм“ (Boehringer Ingelheim), „Бристол-Мајерс Сквиб“ (Bristol-Myers Squibb Co.), „Гилијад“ (Gilead Sciences Inc.), „Амџен“ (Amgen Inc.), „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson), ГСК (GSK Plc), „Мерк“ (Merck & Co.), „Реџенерон“ (Regeneron Pharmaceuticals Inc.) и „Санофи“ (Sanofi).
„Новартис“, единицата „Џенентек“ на „Рош“ и Белата куќа одбија да ги коментираат конкретните детали.
„Новартис“ потврди дека е во разговори со администрацијата и дека е посветена на „наоѓање конструктивни решенија што ќе ги намалат трошоците за Американците и ќе ги потенцираат ценовните разлики меѓу САД и другите земји со високи приходи“. Портпарол на „Џенентек“, единица на „Рош“, изјави дека компанијата е посветена на соработка со администрацијата и ја поддржува нејзината цел за намалување на цените на лековите во САД, притоа охрабрувајќи ги другите земји „да создадат поволни услови за биофармацевтската иновација“.
Белата куќа
„Додека претседателот Трамп или администрацијата официјално не објават, секое известување за можни договори е шпекулација“, наведе во писмена изјава портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи. Домашното производство е клучен елемент за добивање олеснувања од царините за фармацевтските компании. Главниот извршен директор на „Новартис“, Вас Нарасимхан, беше присутен минатата недела кога компанијата го означи почетокот на изградбата на производствен погон во Северна Каролина, на настан на кој присуствуваше и комесарот на Управата за храна и лекови, Марти Макари.
Американците плаќаат највисоки цени за лекови во светот, што долго време претставува спорно прашање за Трамп. Компаниите тврдат дека таквата ценовна динамика помага да се поттикне иновацијата и да се забрза растот на индустријата.
Демократите неодамна побараа повеќе детали од компаниите за тоа дали овие договори за олеснување на царините навистина ќе ѝ заштедат пари на американската влада, со оглед на тоа што договорите се доверливи.
„Новартис“ се обврза да инвестира 23 милијарди долари во САД во следните пет години и да воспостави платформа за директен пристап на пациентите до својот блокбастер-лек против псоријаза „козентикс“ (Cosentyx). Компанијата ги објавува резултатите во американски долари и остварува околу 41 отсто од приходите во САД, поттикнати од лекови како што е препаратот за срце „ентресто“ (Entresto).
„Рош“ соопшти дека во следните пет години ќе инвестира 50 милијарди долари во САД. Компанијата речиси половина од приходите остварува во САД, со блокбастери како „окревус“ (Ocrevus) за мултиплекс склероза и „тесентрик“ (Tecentriq) за лекување рак.