text size
Повеќе од еден месец откако на Македонската берза котираат граѓанските обврзници ниту еден имател не дал налог да продаде дел од вложениот капитал. Во овој месец не се случила ниту една трансакција со тие обврзници, што значи дека ниту еден од вкупно 1.283 граѓани што купија од граѓанските обврзници не сакал да продаде. Познавачите со кои се консултиравме велат дека интересот за продажба најверојатно ќе остане слаб и во следниот период, најмногу затоа што каматата за обврзниците е висока, се разбира ако се анализира сегашната поставеност на пазарот. Инаку, на берзата најголем интерес за тргување има со обврзниците за денационализација, додека државните хартии од вредност што ги издава Министерството за финансии и кои најмногу ги купуваат институционални инвеститори речиси не се тргуваат.