text size
Додека Македонија со години чека да се јави јунак што ќе го скрши мразот со излегување на берзата, на пазарите на капиталот во Истанбул и во Букурешт од почетокот на годинава има големи раздвижувања односно зачестени иницијални јавни понуди на акции - ИПО (од англиски: inital public offering - IPO) и нови котации на кои можат да им завидуваат многу поголеми берзи во Европа и во светот, бидејќи нивната вредност ја надминува границата од милијарда евра. Котацијата на новите компании донесе бран нови инвеститори на двете берзи, што позитивно влијаеше на обемот на тргување и воопшто врз пазарите на капитал во Турција и во Романија. Анализираме кои се причините за зголемениот интерес за излегување на нови компании на овие две берзи и зошто нема сличен тренд и во Македонија?