Акциите на „Луј Витон“ (Louis Vuitton) скокнаа откако сопственикот на „Луј Витон“ и „Кристијан Диор“ (Christian Dior) неочекувано објави раст на продажбата во третиот квартал – знак дека падот на побарувачката за луксузни производи почнува да се ублажува.
Приходите пораснаа за еден отсто на реална основа, прекинувајќи го двокварталниот пад, соопшти компанијата ЛВМХ (LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton SE) во вторникот вечерта. Продажбата во сите оддели ги надмина очекувањата на аналитичарите, вклучително и во клучниот сектор за мода и кожни производи, каде падот изнесуваше само 2 отсто, што е помалку од проекциите.
„Овие резултати се чекор во вистинска насока“, изјави аналитичарот Пирал Дадханија од „РБЦ Капитал маркетс“ (RBC Capital Markets).
Прочитај повеќе

Палта од најскапото влакно чинат 33.000 долари, работниците добиваат 10
Додека „Лоро Пијана“ продава ултраскапи палта од влакна од викуња (еден вид лама), луѓето од Перу едвај преживуваат.
02.08.2025

Вредноста на „Хермес“ го надмина ривалот ЛВМХ
Во уникатен пресврт, производителот на чантите „биркин“ го надмина најголемиот конгломерат во луксузната индустрија, ЛВМХ.
17.04.2025

Осуден шпион што му помогнал на кралот на луксузот да скрие афера
Еден од поранешните шефови на француската национална разузнавачка служба е осуден откако следел лица што во 2008 година го уценувале сопственикот на најголемиот светски луксузен конгломерат ЛВМХ, Бернард Арно.
12.03.2025

Највредните луксузни брендови во светот за 2024 година
Највредните луксузни брендови достигнаа десетици милијарди долари годинава, а меѓу нив доминираат француските.
12.12.2024

Дали логото на „Луј Витон“ почесто ќе го гледаме на чинии отколку на чанти?
„Луј Витон“ вчера ја отвори продавницата во Њујорк во која има повеќе брендирани ресторани отколку чанти и други познати производи.
23.11.2024
Акциите на компанијата скокнаа дури 13 отсто во Париз – најмногу од јануари 2024 година. Како водечки индикатор на луксузниот сектор, ЛВМХ поттикна раст и кај другите европски и азиски брендови. „Прада“ (Prada SpA) порасна во Хонг Конг, додека „Керинг“ (Kering SA) – сопственикот на „Гучи“ (Gucci), и „Хермес интернешнел“ (Hermès International) забележаа раст на берзата во Париз.
Најголемата светска групација за луксузни производи, предводена од милијардерот Бернар Арно, се соочи со продолжен пад, особено во Кина – некогаш главен двигател на растот. Во позитивен пресврт, продажбата во регионот што ја вклучува Кина порасна за два отсто во последниот квартал, по пад од девет отсто во првата половина од годината.
Компанијата забележува охрабрувачка побарувачка во Кина, и покрај неповолната макроекономска слика, изјави финансиската директорка на ЛВМХ, Сесил Кабанис, во разговор со аналитичари во вторникот.
Постои дополнителен потенцијал за раст во Кина, каде што потрошувачите „сè уште располагаат со значителни заштеди по ковид-кризата“, истовремено наведува аналитичарката Јелена Соколова од „Морнингстар“ (Morningstar).
Дури и проблематичниот сектор за вина и жестоки пијалаци на ЛВМХ, кој имаше пад на приходите во повеќе од две и пол години, сега, забележа раст — потпомогнат од обновување на залихите на шампањ во САД и зголемена продажба на розе вино.
Bloomberg
Вкупната продажба во САД порасна за три отсто, додека приходите во Европа и Јапонија се намалија за два, односно за 13 отсто. Продажбата во Јапонија минатата година нагло скокна бидејќи кинеските туристи ја искористија слабата вредност на јенот, но ситуацијата сега се нормализира. Американските туристи, пак, минатиот квартал потрошиле помалку во Европа поради послаб долар, објасни Кабанис.
Според Кабанис, компанијата ќе има потешкотии да го надмине ланскиот силен резултат во последниот квартал, но во 2026 година очекува полесни услови и подобри резултати.
Креативни промени
Во услови на забавен раст, ЛВМХ направи промени кај врвните брендови, вклучувајќи го и „Кристијан Диор Котур“ (Christian Dior Couture). Компанијата годинава го назначи Џонатан Андерсон за нов дизајнер задолжен за женска, висока и машка мода. Поранешниот креативен директор на „Луве“ (Loewe) го претстави своето прво женско ревијално претставување овој месец во Париз. Неговите машки креации ќе пристигнат во продавниците во јануари, а женските од вториот квартал.
Брендот „Фенди“ (Fendi), пак, ја назначи поранешната дизајнерка на женската мода во „Диор“, Марија Грација Кјури, за нова креативна директорка. Таа ќе ја претстави својата прва колекција во февруари во Милано.