text size
Инфлацијата во ноември одново забрза. Државниот завод за статистика вчера објави дека се искачи на 4,3 отсто што е највисоко ниво по мај годинава. Двигател на растот се цените на храната. Зголемените бројки се објавени само на неколку дена пред стапувањето на сила на новата владина кошничка со околу 700 производи кои ќе имаат намалени цени.