Германија и Франција го започнаа третиот квартал со контракции во приватниот сектор, при што се забележува дека континуираната слабост во производството се повеќе се прелева кај услугите.
Глобалниот индекс на менаџерските набавки на S&P за Германија падна на најниско ниво оваа година, со јулско читање од 48,3, што е под прагот од 50 кој укажува на раст. Франција помина уште полошо. Индексот изнесуваше 46,6 достигнувајќи го најниското ниво во последните 32 месеци. Податоците за двете земји беа полоши отколку што беше предвидено од кој било економист во анкетите на „Блумберг“.
Во Германија, негативното читање беше поттикнато од производството, кое е под границата од 50 повеќе од една година и сега е блиску до нивото последен пат забележано на почетокот на пандемијата во 2020 година. Растот на услугите забави втор месец.
Прочитај повеќе

ББА-анализа: „Не дај боже“ да се засити Германија
Трговските текови се подобруваат од 2022 година наваму, по негативното влијание од нестабилните цени на стоките и енергијата.
24.07.2023

Пад од 50 проценти на комерцијалните недвижности во Германија
Зголемените каматни стапки ги преполовија склучените договори за комерцијални недвижности во Германија, во првите шест месеци бележат пад од 50 проценти, што е најниско ниво од 2017 година.
05.07.2023

Падот на глобалните нарачки откри слабост на германската индустрија
Слабата побарувачка од Кина влијаеше врз германското производство оваа година и тоа може да продолжи
03.07.2023

Германија најголем европски производител и потрошувач на јаглен во 2022-та
Енергетската криза минатата година влијаеше на зголемувањето на производството и потрошувачката на јаглен во Европа.
27.06.2023
„Постои зголемена веројатност дека економијата во Германија ќе биде во рецесија во втората половина од годината“, рече Сајрус де ла Рубија, главен економист во Хамбуршката комерцијална банка. „Во текот на последните неколку месеци, видовме вчудоневидувачки пад на новите нарачки и на заостанатата работа, кои сега се намалуваат со најбрзи стапки од почетниот бран на „ковид“ на почетокот на 2020 година. Ова не ветува добро за остатокот од годината“.
Во Франција, и производството и услугите повторно беа во контракција, иако првото е во полоша состојба.
„Податоците сигнализираат забележливо заладување на економијата, покажувајќи го најострото намалување на деловната активност од ноември 2020 година, што му претходеше на намалувањето на БДП во Франција“, рече Норман Либке, економист во Хамбуршката комерцијална банка.
Страшните отчитувања на ПМИ за двете најголеми економии во еврозоната се предупредување за регионот како целина, за кој бројките што треба да се појават во текот на денов веројатно ќе покажат контракција на приватниот сектор.
Податоците претходно покажаа контракција во Австралија и стабилна експанзија во Јапонија, додека Велика Британија и САД се предвидува дека ќе покажат солиден раст за јули.