Македонија

Ранг-листа: Колку се платени клучните менаџери во македонските банки?

Автор: Владимир Николоски

22. Септември 2022, 07:14

Вртоглави суми за некои членови на Управните одбори

Разлики меѓу големите и помалите банки

Ранг-листа: Колку се платени клучните менаџери во македонските банки?

Depositphotos

Владимир Николоски

Македонскиот банкарски сектор е ден од ретките што успешно се справи со пандемијата од Ковид-19, повеќето банки ја зголемија добивката во изминативе две години, а некои од нив остварија рекордни профити. Меѓу главните „виновници“ за добрите резултати се клучните менаџери во банките односно членовите на управните одбори. Тие за својата работа и одговорност земаат плата и други надоместоци кои се фиксни согласно нивните менаџерски договори, а дел од нив имаат и други примања односно награди кои варираат во зависност од успешноста во работењето. Нашата анализа покажа дека има големи разлики во примањата на членовите на управните одбори во 13-те македонски банки и дека тоа главно зависи од големината на банките.

Комерцијална банка прва на листата    

Убедливо најголеми исплати на членовите на Управниот одбор минатата година имала „Комерцијална банка“. На тројцата членови на Управниот одбор на банката (Хари Костов, Илија Илоски и Маја Стевкова Штериева) лани на бруто-основа им биле исплатени вкупно 63,8 милиони денари (1.037.000 евра) по основ на плати, плата од деловна успешност, регрес, новогодишен надоместок, јубилејни награди, менаџерско осигурување и систематски прегледи. Од вкупната сума, 37,8 милиони денари претставуваат фиксен и 26 милиони денари претставуваат варијабилен надоместок.

Според политиката за наградување на банката, фиксниот дел зависи од описот на работното место, односно од надлежностите на лицата со посебни права и одговорности, а варијабилниот дел зависи од долгорочната успешност во извршувањето на работните задачи, имајќи го предвид и преземеното ниво на ризик.

„Исплатата на варијабилниот дел не ја ограничува можноста на банката за зајакнување на нејзината солвентна позиција. Фиксниот дел од вкупниот надоместок е повисок, односно варијабилниот дел не смее на годишно ниво да надмине 100 проценти од фиксниот дел од вкупниот надоместок исплатен на секој вработен или лице со посебни права и одговорности“, се вели во објаснувањето во годишниот извештај на банката за 2021 година .

Втора на листата банки со најголеми исплати на членовите на Управниот одбор е „НЛБ Банка“. На лицата кои лани членувале во УО на банката (Антонио Аргир, Петер Зелен, Гинтер Фриедл и Игор Давчевски) им бил исплатен бруто надоместок од 52.283.000 денари (850.000 евра) од кои 32,8 милиони фискен и 19,4 милиони варијабилен дел.

Трета на листата по овој критериум е „Шпаркасе банка“. Во текот на 2021 година на членовите на Управниот одбор на банката (Глигор Бишев, Санел Кустурица, Нина Неданоска и Алвин Аличевиќ) им бил исплатен фиксен дел од 37.767.961 денари и варијабилен дел од 6.174.636 денари или вкупно 43.942.597 денари (714.000 евра).

„Халк банка“ е четвртата на листата рангирани банки по износот исплатен на членовите на Управниот одбор. Вкупниот износ на примања на членовите на Управниот одбор за 2021 година изнесува 31.707.467 денари или 515.568 евра што ги опфаќа вкупните бруто примања(фиксен и варијабилен дел). Во текот на минатата година Управниот одбор на банката работеше во состав: Билал Суџубаши, Турхан Адеми, Томче Тасевски и Букет Геречџи.

Понатаму следува „Стопанска банка Скопје“ каде што лани на членовите на Управниот одбор им бил исплатен вкупен бруто износ од 29.164.214 денари (474.000 евра), од кои плата во износ од 24.464.600 денари и надоместоци од 4.699.614 денари. Управниот одбор на Стопанска банка АД - Скопје лани го сочинуваа менаџерите Диомидис Николетопулос, Тони Стојановски, Милица Чапаровска-Јовановска и Бојан Стојаноски.

„УНИ банка“, која е шеста на листата лани на членовите на Управниот одбор (Милка Тодорова, Делчо Крастев и Владислав Хаџидинев) им исплатила вкупно 27.154.855 денари (441.000 евра). Станува збор за исплата на фиксни надоместоци со оглед на тоа што „УНИ банка“ е една од банките каде што лани немало исплата на варијабилни износи.

„Прокредит банка“ на двајцата членови на Управниот одбор Емилија Спировска и Стевче Кузмановски лани им исплатила вкупно 16.6 милиони денари (269.000 евра) по основ на бруто плати од кои 12.4 милиони денари се фиксен надоместок и 4,2 милиони денари се исплатени како варијабилен надоместок согласно политиката за наградување.

Следна на листата е „Стопанска банка Битола“ која лани на членовите на Управниот одбор им исплатила вкупно 13.869.000 денари (225.000 евра). Станува збор за исплата на фиксни надоместоци. Функцијата членови на УО во текот на 2021 година ја извршуваа Владимир Ефтимоски, Гордана Балтовска и Наташа Несторовска.

Износи помали од 200.000 евра

Минатата година, пет банки исплатиле надоместоци на членовите на Управниот одбор пониски од 200.000 евра.  

„ТТК Банка“ на двајцата членови на УО (Драгољуб Арсовски и Наталија Алексова) лани им исплатила вкупно 9.856.000 денари (160.000 евра) од кои 8,5 милиони фиксен и 1,3 милиони денари варијабилен дел.

„Централна кооперативна банка“ (ЦКБ) на членовите на Управниот одбор (Неделин Валчев, Орце Трајковски и Станимир Станчев) во 2021 година им исплатила вкупно 8,5 милиони денари (138.000 евра) по основ на плати по менаџерски договори. Станува збор за фиксен дел, не е исплатен варијабилен надоместок за минатата година.

„Капитал банка“ на двајцата членови на Управниот одбор им исплатила в купно 5.402.465 денари или 87.000 евра. Фиксниот дел исплатен на претседателот на Управниот одбор Цветан Петринин изнесува 3.752.805, а варијабилниот 12.778 денари. Членот на УО Ирена Николовска за 2021 година има примено фиксен дел од 1.624.104 денари, а варијабилен дел од 12.778 денари.

На членовите на УО на „Силк роуд банка“ (Игор Димитров и Емил Бухов) лани им бил исплатен фиксен надоместок од 3.492.331 денари и варијабилен дел од 1.168.404 денари или вкупно 4.660.735 денари (75.784 евра).

Најдолу на листата по основ на исплати на членовите на Управниот одбор се најде „Развојната банка“ (во државна сопственост). На двјцата членови на УО на банката (Кире Наумов и Фарук Исмаили) лани им по основ на бруто плата, наодместоци од плата, бонус, осигурувања и други права им е исплатен износ од 4.283.000 денари или 69.642 евра.

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 2 часа

Сите новости од рубриката Економија

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите
Адриа

(Видео) Деспотовски: Политичката криза засега не влијае врз инвестициите

Тој вели дека во првата половина на годината има договори од една четвртина милијарда евра. Извозот во првото полугодие од зоните е за 11 отсто повисок во споредба со истиот период минатата година.

14.07.2022

Автор: Наташа Стојановска

Економија

сите новости од рубриката Економија