text size
Македонија и Грција донесоа конечна инвестициска одлука за изградба на витален гасовод што ќе ги поврзува двете земји, а која треба да започне следната година. Според веста пренесена на терминалот на „Блумберг“, Марија Рита Гали, извршна директорка на грчкиот оператор за пренос на гас „ДЕСФА“ ја соопштила оваа информација за време на годишната конференција на „Економист“ што се одржа во Атина.