Вредноста на доларот од почетокот на годинава се намали за околу девет отсто, а во исто време еврото зајакна за околу 12 отсто. Во вакви услови, централните банки се во трка да го искористат моментот и да ја засилат улогата на еврото.
Податоците на „Барклис“ покажуваат дека централните банки низ целиот свет во текот на 2025 година засилено купуваат еврообврзници од земјите од еврозоната, а само во првата половина од 2025 година тие учествувале со една петтина во синдицираните продажби (при кои владите ангажираат банки за директна продажба на обврзници на инвеститори) на државен долг, што е значителен пораст во споредба со претходната година.
Во вакви услови, Македонија се подготвува за издавање нова еврообврзница на почетокот на 2026 година, а таа ќе послужи за враќање на постара еврообврзница, која достасува на плаќање следната година. Според првичните најави од Министерството за финансии, во моментов се размислува за издавање еврообврзница во износ од најмалку 700 милиони евра, односно толку колку што достасуваат за плаќање следната година.
Прочитај повеќе

Државата ќе плаќа 3 евра по трансакција за електронски налози во евра
Сумата за налозите на хартија изнесува пет евра по транскација, а се однесуваат за земјите од СЕПА
16.07.2025

Паѓаат рекорди: Да, во долари, но не и во евра
Индексот на страв и алчност повторно покажува прекумерна алчност на инвеститорите.
10.07.2025

Берзански рекорди: Каде да инвестирате 50.000 евра за период од пет години?
Одлуката каде да ги инвестирате вашите пари може да биде незгодна во сегашната средина на рекордни добивки на берзата.
03.07.2025
Освен оваа, земјава има уште две еврообврзници што достасуваат во следниот период. Еврообврзницата емитувана во 2023 година достасува во 2027 година на износ од 500 милиони евра, а во март 2028 достасуваат за плаќање нови 700 милиони по основ на еврообврзница емитувана во 2021 година. На почетокот на годинава државата исплати 500 милиони евра за еврообврзница од 2028 година.
„Блекрок“ е најголем инвеститор во македонски обврзници
Во трката на еврото за превласт, дојде до промена и на листата финансиски институции што поседуваат најголем дел од македонскиот долг по основ на обврзници.
Според терминалот на „Блумберг“, во моментов „Блекрок“, една од водечките светски инвестициски компании, е најголем кредитор на Македонија. На второто место е германската финансиска компанија „Алијанц“. На трето место е „Јунион инвестмент“ од Луксембург.
На крајот на минатата година најголем кредитор беше американската компанија „Бостон менаџмент енд рисрч“. Во првата петорка тогаш беше и швајцарската „Гам холдинг“.
Над 60 отсто од државниот долг е во евра
Македонија и во времето на силниот долар, на надворешен пазар, главно се задолжуваше во евра. Според податоците од Министерството за финансии на крајот на првиот квартал од годинава над 60 отсто од државниот долг бил во евровалута.
Вкупниот државен долг заклучно со крајот на мај годинава е 8,4 милијарди евра, а најголем дел од него е внатрешен долг по основ на недостасани државни хартии од вредност, близу 3,9 милијарди евра. Најголем дел од државните хартии од вредност што допрва треба да стасаат за плаќање се 15-годишни обврзници.
Денаризација
Историските податоци на Министерството за финансии покажуваат дека во последните години најголем дел од хартиите од вредност што ги емитува државата се без девизна клаузула. Во 2012 година емисиите со и без девизна клаузула биле речиси исти, сега само нешто над 21 отсто од нив се со девизна клаузула.
Освен државата, и домаќинствата и компаниите во земјава повеќе се задолжуваат во денари. Податоците на Народната банка за јуни годинава покажуваат дека од 8,5 милијарди евра пласирани кредити, 5,3 милијарди се во денари.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...