Светот сѐ уште не може да се совземе од новата трговска политика што ја наметна администрацијата на САД предводена од претседателот Доналд Трамп, кој во изминатиов период покажа дека е способен да изврши силен притисок врз трговските партнери преку воведување енормни тарифи за увоз, но и лесно да ретерира во одлуките. Во обидот да ја преструктурира глобалната трговија тој предизвика тарифен галиматијас кој се менува буквално на дневна основа што носи неизвесност за бизнисите и оневозможува долгорочно планирање. Како што пишува „Блумберг“ дури и со 90-дневната пауза на некои царини објавени на 9 април, новите увозни даноци што ги воведоа САД откако Трамп го започна својот втор мандат претставуваат најзначајна протекционистичка промена во земјата во повеќе од еден век и ја туркаат најголемата светска економија на непозната територија.
Кои нови тарифи се во сила во САД?
|
Тарифи на пауза и исклучоци
Прочитај повеќе

Трговците се уморија од промените на Трамп
Секој ден е само неизвесност. Ова е многу фрустрирачки, велат стратезите
24.04.2025

Трамп омекнува, можно е да се намалат царините за Кина
Доналд Трамп сигнализира дека сепак е подготвен да попушти во врска со царините за Кина.
23.04.2025

Првите шокови од царините на Трамп наскоро ќе ја погодат глобалната економија
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторник ќе ги намали прогнозите за економски раст
20.04.2025

Победа на европските акции, обврзници и еврото: Трамп несакајќи ја врати Европа на мапата
Стариот континент колективно ја соборува Америка на начин каков што ретко бил виден досега.
16.04.2025

По трговската, добиваме и валутна војна
Доларот губи, франкот, јенот и еврото добиваат, а Пекинг вештачки го слабее јуанот.
16.04.2025

Што да правите со парите додека царините ги преобликуваат пазарите?
Потрошувачите и инвеститорите се во тешка ситуација бидејќи акциите низ светот паѓаат, шансите за рецесија се зголемуваат, а се наѕираат и повисоки цени за широк опсег на производи.
07.04.2025
Покрај сеопфатниот данок од 10 проценти на увозот, САД на 9 април почнаа да наплаќаат давачки за стоки од партнерите кои имаат најголем трговски суфицит со САД. Поради превирањата на финансиските пазари поврзани со овој потег, Трамп подоцна истиот ден ги суспендираше дополнителните давачки за сите партнери освен Кина до почетокот на јули.
Со кои други тарифи се закани Трамп?
Освен потрошувачката електроника, претседателот ги спомена полупроводниците, фармацевтските производи, храната, дрвната граѓа и бакарот како друга стока што би можела да се соочи со нови увозни даноци.
На 11 април, администрацијата ја ажурираше листата на производи ослободени од основната стапка од 10 проценти и повисоката стапка за Кина за да вклучи паметни телефони, компјутери и други електронски производи. Два дена потоа, Трамп вети дека ќе ги подложи тие стоки на посебна нова царина. Дополнителните давачки односно таканаречените реципрочни тарифи - беа приспособени за околу 60 трговски партнери. Администрацијата на Трамп ги пресмета тарифите врз основа на постоечките трговски биланси односно трговскиот суфицит на одредена земја со САД беше поделен со нејзиниот вкупен извоз во САД. Тој број потоа се дели со два.
За какви цели се користат тарифите?
Администрацијата на Трамп ги користи тарифите на три основни начини, во зависност од целите на која било одредена акција, според Атлантскиот Совет.
Алатка за преговори: Администрацијата ги гледа тарифите како начин да се изврши притисок врз трговските партнери за време на преговорите, но и како потенцијален чип за договарање. Користени на овој начин, тарифните стапки може да го зголемат влијанието на САД и да резултираат со нови трговски договори, како што е трговскиот договор со Кина, потпишан за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп.
Казнена алатка: Претставниците на администрацијата на Трамп изјавија дека би сакале да избегнат прекумерна употреба на финансиски санкции бидејќи веруваат дека тоа може да ги поттикне земјите да ја намалат нивната зависност од американскиот долар. Како алтернатива, администрацијата на Трамп повеќе се потпира на царините за „казнување“ или „санкционирање“, вклучително и за нетрговски прашања. Администрацијата ја цени можноста за лесно зголемување на тарифната стапка и, според тоа, нејзината казнена моќ.
Макроекономска алатка: Администрацијата на Трамп, исто така, поконвенционално, користи тарифи за поддршка на широк опсег на макроекономски цели. Една од нив е заштитата на домашните индустрии, како што е челикот, од нефер трговски практики и поттикнување на домашното производство. Потоа за намалување на трговскиот дефицит на САД и за зголемување на приходите од давачки.
Каде е Кина во целата приказна?
Со децении, верувањето во слободната трговија беше поддржано од двопартиски консензус во САД и од мултинационални корпорации кои сакаа пристап до евтини и ефикасни синџири на снабдување во странство. Подигнувањето на Кина како глобална економска сила го наруши тој консензус. Примена во СТО во 2001 година, Кина доби поголем пристап до глобалните пазари иако нејзините критичари велат дека ги прекршила словото и духот на правилата за слободна трговија - на пример, со субвенционирање на нејзините индустрии и принудување на странските компании кои работат во Кина да го предадат своето знаење. Голем број истражувачи заклучија дека конкуренцијата од Кина помогнала инфлацијата ширум светот да се одржува на ниско ниво со години, но предизвикала пад на вработеноста во фабриките бидејќи источноазиската нација стана доминантен светски производител.
За време на првиот мандат на Трамп, неговата администрација воведе нови царини за кинескиот увоз во вредност од околу 380 милијарди долари во 2018 и 2019 година. Бајден ги задржа тие давачки и подигна повеќе од нив во 2024 година за стоки во вредност од дополнителни 18 милијарди долари. Новиот ентузијазам за царини на кинески стоки се прошири и во Европската унија, која во октомври воведе давачки до 45 проценти за електричните возила од Кина.
Може ли Трамп да ги зголемува тарифите без одобрение од Конгресот? Преку голем број статути, американскиот Конгрес му даде овластувања на претседателот да ги менува тарифите за да одговори на различни проблеми. Тие вклучуваат закана за националната безбедност, војна или вонредна состојба, штета или потенцијална штета за американската индустрија и нефер трговски практики од странска земја. Компаниите може да се обидат да се борат со повисоки тарифите на суд, а веќе се поднесени неколку тужби. |
Како може тарифите да влијаат на американската економија?
Може да биде тешко да се средат економските ефекти на тарифите, пишува „Блумберг“. Тие можат да го стимулираат вработувањето со привлекување инвестиции додека компаниите се обидуваат да ги заобиколат тарифите со преместување на фабриките во земјата на оданочување. Во исто време, работните места во другите делови на економијата може да се изгубат кога тарифите ќе предизвикаат одмазда од целните земји, како што тоа го направија во случајот со најновите давачки на Трамп.
Кога една земја наметнува увозни царини, домашните производители вообичаено не брзаат за да почнат да ги произведуваат засегнатите производи. И ако нацијата нема алтернативна домашна понуда на засегнатите стоки, тогаш цените на тие стоки може да се зголемат.
Моделот од 2018 година од Федералните резерви сугерира дека секое зголемување на царината за 1 процентен поен го намалува бруто домашниот производ за 0,14 проценти и ги зголемува цените за 0,09 проценти. Врз основа на тој модел, „Блумберг Економикс“ (Bloomberg Economics) оцени дека царините што ги наметна администрацијата на Трамп би можеле да го намалат БДП за 3,4 проценти и додадат два процента на инфлацијата.
Со помош на Даниел Флетли и Брендан Муреј - Блумберг