Државниот кинески купувач на железна руда им наредил на големите производители на челик и трговци привремено да прекинат со набавки на сите нови пратки од БХП (BHP Group Ltd.), со што се продлабочува спорот за цените што може да наруши едно од најважните трговски партнерства на овој рударски гигант.
Компанијата „Чајна минерал“ (China Mineral Resources Group Co.), создадена од Пекинг за да ја зајакне улогата на земјата во глобалната трговија со железна руда, им побарала на домашните купувачи неделава да ги прекинат набавките на какви било пратки на рудата од австралиската рударска компанија, брифираат добро упатени извори, кои побарале да останат анонимни.
Тоа значи дека не можат да се склучуваат нови договори, дури ни за пратки што веќе тргнале од Австралија, каде што БХП ги има своите рудници. Единствената железна руда од БХП достапна за трговија е дел од веќе пристигнатите резерви во Кина што се продаваат во јуани. Одлуката следувала по неколку средби меѓу двете страни од крајот на минатата недела, кои не донеле резултат, посочуваат изворите.
Прочитај повеќе

Растат загубите на бакарот по заканите од Трамп за увозни царини
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да воведе увозни царини на бакар, алуминиум и челик, а тоа најмногу ќе ги погоди Канада, Чиле, Мексико и Јужна Кореја.
28.01.2025

Закрепнува вредноста на железната руда, кинеските залихи се намалуваат
Продолжува неизвесноста во челичната индустрија поради слабата побарувачка во Кина.
26.08.2024

Продолжува растот на цената на железната руда
Кинеските власти најавија дополнителни чекори во обид да го оживеат пазарот на недвижности
21.08.2024

Цената на железната руда се доближува до 100 долари за тон
Севкупниот раст на Кина беше поттикнат од силата на фабричкото производство.
18.03.2024

Профитот на „Рио Тинто“ падна за 12 отсто, на 11,8 милијарди долари
„Рио Тинто“ соопшти дека има нето оштетување од 700 милиони долари.
21.02.2024
Цените на железната руда скокнаа
Забраната на Кина за руда од БХП може да го намали снабдувањето
Bloomberg
Кина е убедливо најголемиот потрошувач на железна руда во светот, додека БХП, најголемата рударска компанија на планетата, е една од трите главни што ја снабдуваат земјата со најголем дел од материјалот за нејзините челичарници. Во последно време земјата е сè поподготвена да ја користи својата моќ на пазарите со суровини, вклучувајќи и забрани за австралиски стоки во претходната деценија, како и контроли на извозот на ретки минерали годинава.
„Дали Кина би го направила ова пред една деценија, кога силно зависеше од увозот? Никако“, вели Том Прајс, аналитичар во „Панмјур либерум“ (Panmure Liberum Ltd.). Разликата сега, според него, е што побарувачката за челик во Кина забавува, а во подготовка е и големо ново снабдување со железна руда од рудникот Симанду (Simandou) во Гвинеја.
Новото ограничување претставува ескалација на претходната забрана за смесата „џимблебар бленд фајнс“ (Jimblebar blend fines) од БХП на почетокот на месецов и ја нагласува решителноста на Пекинг да добие поголемо влијание врз цените. Основана пред три години, „Чајна минерал“ (CMRG) има задача да ја префрли рамнотежата на моќта во преговорите од компаниите како што се БХП, „Рио Тинто“ (Rio Tinto Group) и „Вале“ (Vale SA) кон огромната кинеска челична индустрија.
Претходните ограничувања исто така се заострени, велат упатените. „Чајна минерал“ им наредила на челичарниците да не примаат пратки од Џимблебар во кинеските пристаништа, ниту да купуваат такви пратки на пазарот во јуани. Мерките веќе натерале некои од производителите на челик да ги приспособат параметрите на производството за да користат алтернативни руди.
Фјучерсите за железна руда во Сингапур пораснаа за 1,8 отсто, на 105,05 долари за тон. Акциите на БХП паднаа за најмногу 4,8 отсто во Лондон, што е најголем пад од почетокот на април.
Кинеската компанија не одговори на барањата за коментар, додека портпарол на БХП, пак, изјави дека компанијата не може да коментира за трговските договори.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...