Извршните директори на „Порше“ (Porsche AG) и хрватскиот претприемач во областа на електрични возила Мате Римац беа цели насемани во 2021 година при најавата за заедничко производство на хиперавтомобили, „Бугати Римац“ (Bugatti Rimac).
Меѓутоа, како што обично се случува кога се судираат две многу различни деловни култури, романтиката изгледа не траеше долго.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот од денот.
Трамп: Кина одигра погрешно, ги фати паника од царините
Американскиот претседател го осуди потегот на Кина која воведе царина од 34 проценти за сите американски производи како одговор на неговите реципрочни царини, кои ги зголемија давачките на кинескиот увоз на најмалку 54 проценти. Оваа размена на потези предизвика стравувања дека трговскиот конфликт може да ескалира и да ја турне светската економија во рецесија.
„КИНА ИГРА ПОГРЕШНО, ИСПАНИЧИ – ТОА Е ЕДИНСТВЕНАТА РАБОТА КОЈА НЕ МОЖАТ ДА СИ ЈА ДОЗВОЛАТ!“, објави Трамп на социјалните мрежи.
Тој не најави понатамошни мерки против Кина, но претходно вети дека, ако другите земји ги зголемат царините како одговор на неговите нови мерки, и тој ќе го направи истото. Белата куќа не ја појасни дополнително неговата објава.
Во што да штедите за поголема пензија?
Експертите веќе препорачаа одење во пензија на 67 години, како и постепено зголемување на стапката на придонесот за ФПИОМ, затоа што на долг период Фондот нема да биде одржлив. Со овие предизвици се борат и во остатокот од Европа и светот, каде што капацитетот на првиот задолжителен пензиски столб ќе биде под ризик следните години и децении.
Финансиските советници и аналитичари велат дека секој сам треба да почне да размислува како да има помирни пензионерски денови, така што ќе има на располагање екстра приливи и средства покрај пензијата што ќе ја добива од задолжителното пензиско осигурување, односно првиот и вториот задолжителен пензиски столб. Една од опциите е третиот пензиски столб, односно доброволното пензиско осигурување преку отворените приватни фондови.
Како цените на бакарот и на челикот ќе се одразат на цените на опремата за ветерници?
Додека цените на суровините како што е бакарот растат, падот на цените на челикот и способноста на производителите на опрема за ветерни турбини (ОЕМ) да ги зголемат цените по инсталиран мегават помогнаа да се подобрат нивните маржи. Сепак, производителите од ЕУ остануваат помалку изложени на нестабилноста на влезните трошоци во споредба со американските конкуренти, првенствено поради увозните царини за челик и за алуминиум и неизвесноста за идните регулаторни промени.
Челикот сочинува повеќе од две третини од масата на ветерните турбини и претставува единствена најзначајна суровина што влијае на трошоците. Цените на ХРЦ (топловалан челик) се намалени за околу 60 отсто од рекордните, највисоки нивоа во 2022 година поради стабилизирањето на синџирите на снабдување и стабилизирањето на побарувачката.
Цените на бакарот, кој е втора најважна суровина според влијанието во трошоците, продолжуваат да растат поради зголемената побарувачка во процесот на електрификација.
Бјорн Габриел: Обесхрабрени да побараат кредит 43 проценти од малите фирми
Европската инвестициска банка (ЕИБ), или скриениот џин на ЕУ како што ја нарекуваат, во Македонија е присутна повеќе од 45 години, уште од времето кога земјата беше дел од поранешна Југославија. ЕИБ само преку Развојната банка има пласирано 625 милиони евра за финансирање проекти во македонската економија во последниве десет години, поддржувајќи околу 1.000 компании во различни сектори.
Разговаравме со Бјорн Габриел, шеф на канцеларијата на ЕИБ во Македонија, за понатамошните планови на банката во земјава, за тековните и идните проекти, фокусирани главно на зелена енергија и одржлив развој.
Тој ја нагласи Програмата за зелени финансиски системи кон која, како што рече, веќе се приклучиле четири од шесте најголеми македонски банки.
ЕСГ падна во немилост, но парите сè уште сакаат „зелено“
Почетокот на 2025 година донесе голема промена во полето на глобалните инвестиции во одржливост. Доналд Трамп повторно е претседател на САД и повеќе не го крие непријателскиот став кон регулативи како што е ИРА (Inflation Reduction Act), кој претходно поттикна големи инвестиции во зелената енергија.
Американските фондови брзо ги напуштаат климатските иницијативи, а поимот ЕСГ сè почесто се користи како политичко оружје отколку како мерило за одржливост. Дали е тоа крајот на одржливото инвестирање или само еволуција?
„Во САД, републиканските, а особено политиките на Трамп, предизвикуваат шок и општо згрозување бидејќи се оддалечуваат од сите аспекти на одржливост. Дали тоа ќе влијае на глобалниот замав? Мислам дека тоа ќе го искористат истомислениците на Трамп, но се сомневам дека значително ќе ги забави инвестициите во обновливи извори на енергија, електрични возила, климатски решенија и слично бидејќи во нив веќе се вложени огромни средства, а и потребата и побарувачката за нив се препознаени“, смета ЕСГ експертката, Карла Алфиер.