text size
Луѓето на Балканот и во Источна Европа преферираат да живеат во сопствени домови за ралика од населението во Западна Европа кое почесто се решава за изнајмени живелишта. Според податоците на „Евростат“, 85,9 проценти од жителите на Македонија живеат во сопствени домови. Рекордери се Косово и Албанија каде што околу 97 проценти од луѓето имаат свои, а не изнајмени живеалишта. Во Романија тој процент е 95,7, во Србија, Црна Гора и Хрватска околу 90, во Бугарија 85 и во Грција 73,3 проценти.