Европа

Путин: Дајте ни ги турбините и уште утре ќе го вклучиме 'Северен тек'

Извор: Bloomberg News

7 септември 2022, 16:43

Путин сака ЕУ да дозволи враќање на турбините за да се отвори протокот на гас

Тој негира дека Русија ја користи енергијата како оружје

Стопирањето на извозот на гас во ЕУ, наводно, нема да ѝ наштети на Русија

Путин: Дајте ни ги турбините и уште утре ќе го вклучиме 'Северен тек'

Bloomberg

Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини западните земји за затворањето на гасоводот „Северен тек“ и рече дека протокот кон Европа може да продолжи веднаш штом ќе се ублажат санкциите кон Русија, што ќе ѝ овозможи на земјата сервисирање и ваќање на турбините.

„Дајте ни ги турбините и утре ќе го вклучиме 'Северен тек'“, рече тој на Источниот економски форум во Владивосток. „Но, нема да ни дадат ништо“, додаде рускиот лидер.

Германија претходно соопшти дека турбината, која беше испратена на поправка, е подготвена да биде вратена во Русија, но Москва посочи дека проблемите со документите се пречка. Претходно во средата, германскиот канцелар Олаф Шолц ја обвини Русија за „уцена“ во однос на снабдувањето со енергија.

Рускиот претседател го коментираше 'Северен тек' за прв пат откако клучниот гасовод беше затворен на неодредено време. Европа создаде „ќорсокак од санкции“, рече тој.

Подвлече дека е „глупост“ да се сугерира дека Москва ја користи енергијата како оружје против Европа за да возврати на санкциите поради нејзината инвазија на Украина.

Државниот „Гаспром АД“ постепено го намали протокот преку „Северен тек“, предизвикувајќи скок на цените на енергијата во Европа.

Путин увери дека падот на извозот на гас во Европа, историски најголемиот пазар на „Гаспром“, нема да ѝ наштети на Русија. Тој рече дека компанијата се договорила за клучните детали, вклучително и цената, за третиот договор за снабдување со Кина.

„Гаспром“ веќе се обврза да испраќа дури 38 милијарди кубни метри годишно во Кина преку гасоводот „Моќта на Сибир“ (Power of Siberia) и уште 10 милијарди кубни метри преку далечниот исток. Очекуваниот трет договор може да додаде уште 50 милијарди кубни метри годишно на испораките.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година
Македонија

Значителен раст на цените на становите во Скопје од 19,4 проценти во првиот квартал од 2025 година

Цените на становите во Скопје вртоглаво растат во последниве две-три години, иако не е дека не се градат нови станови, па нема доволно понуда.

07.04.2025

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите