text size
Се зголемува свесноста кај македонските граѓани и компании за проблемите што ги носат климатските промени, за потребата од подобрување на енергетската ефикасност и за транзиција кон одржлива или таканаречена „зелена“ економија. Најдобар показател за тоа се новите податоци што ги објави Народната банка за кредитите за зелено финансирање одобрени на домаќинствата и нефинансиските друштва (компании) каде што се забележува континуиран тренд на пораст.