text size
Полнењето на кошницата со производи за дома чини повеќе од пред една година, цените на мебелот и облеката се повисоки. Потешко може да купите половен автомобил по прифатлива цена, а доколку сакате да земете кредит, побрзајте, каматите растат. Секогаш кога купувате се чини дека цените се зголемиле. Досега многу пати пишувавме и го анализиравме растот на цените и дали тој е природна последица или реакција на одредени чинители на пазарот во услови на повеќе последователни кризи. Овојпат се фокусираме на упорноста на инфлацијата во земјава и кои се тточно клучните причини за тоа. Зголемување на основните цени е инфлација, или за иста сума на пари добивате помалку производи или услуги.