text size
Се над евро. Цените на домашните земјоделски производи исти како на грчка плажа. Килограм домати и краставици на средина на август, во земја како Македонија, се продаваат по над 60 денари за килограм. Цена држат и праските кои цело лето не паднаа под 45 денари за килограм, а и трпезното грозје. Според податоците на Државниот завод за статистика, овошјето и зеленчукот во земјава за една година поскапеле за 8,8 и 19,8 отсто соодветно. Останатите производи поскапеле многу повеќе.