text size
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп едноставно ја поделила вредноста на трговскиот суфицит што Македонија го има со САД во 2024 година (според американското Биро за статистика), од 113 милиони долари, со вкупниот македонски извоз во оваа земја, од 173.7 милиони долари, при што се добива коефициент 0,65, односно 65 проценти. Кога ова ќе се подели со два, ја добиваме „дисконтираната“ царинска стапка од 33 проценти за македонскиот извоз во САД, отсега натаму.