Претседателот на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел се обрати на симпозиум во Џексон Хоул, а вие на „Блумберг Адрија“ ги следевте клучните пораки на централниот банкар и случувањата на пазарот.
Пауел претпазливо ја отвори вратата за можно намалување на референтната каматна стапка во септември, укажувајќи дека има растечки ризици за пазарот на трудот, а загриженоста за инфлацијата продолжува. Очекувањата на финансиските пазари нагло се зголемија, според податоците собрани од „Блумберг“, при што веројатноста за намалување се зголеми од 75 проценти на 90 проценти во петокот попладне.
Прочитај повеќе

Дали главниот американски банкар ќе го шокира Волстрит в петок?
Најновите економски податоци прикажуваат длабоко поделена слика за американската економија.
20.08.2025

Растот на обврзниците продолжува со очекувања за намалување на каматите од Фед
Инвеститорите очекуваат Фед во септември да ги намали каматите за 25 или повеќе базични поени, поттикнати од инфлациските и пазарните податоци.
14.08.2025
Трамп го номинира Стефен Миран за член на Управниот одбор на Фед
Никој не оспорува дека е експерт, но критичарите прашуваат дали ќе биде независен.
08.08.2025

Функционери на Фед сигнализираат намалување на каматите по слабите бројки за вработеноста
Според тројца функционери на Фед, слабеењето на пазарот на трудот може да доведе до намалување на каматните стапки уште есенва.
07.08.2025

Што ќе се случи ако Трамп го отпушти претседателот на Фед, Џером Пауел?
Последните превирања избувнаа на 16 јули, поради извештаите дека се очекува Трамп наскоро да покрене постапка против Пауел, кој е на нишанот на претседателот затоа што не ги послушал неговите повици за пониски каматни стапки.
17.07.2025

Инфлацијата во САД повторно под очекувањата и покрај притисокот од царините
Базичната инфлација во САД во јуни повторно изненади надолу, покажувајќи помал раст од очекуваното петти месец по ред.
15.07.2025
„Тој го искористи својот говор за да ги зацврсти очекувањата за намалување од 25 базични поени во септември“, рече Џејмс Булард, поранешен претседател на Федералните резерви на Сент Луис, во интервју за „Блумберг ТВ“. „Пауел го цитираше најновиот извештај за пазарот на трудот, кој не беше добар. Затоа мислам дека тоа е решено.“
Говорот на Пауел предизвика најсилен раст во сите класи на средства од април, при што водечките фондови со кои се тргува на берза (ETF) кои ги следат акциите, државните обврзници, кредитните пазари и криптовалутите пораснаа во просек за 1,3 проценти. Индексот S&P 500 порасна за 1,6 проценти, предводен од закрепнувањето кај големите технолошки компании. Расел 2000, индекс на фирмите со помала капитализација, порасна за околу 4 проценти. Приносите од двегодишни обврзници паднаа за 11 базични поени на 3,68 проценти. Доларот ослабе.
Bloomberg
BBDXY:IND
BBG US Dollar Spot
1.200,57 USD
-10,346 -0,85%
почетна цена
1.210,45
претходна цена на затворање
1.210,92
промена од почетокот на годината
-7,559754%
дневен опсег
1.200,47 - 1.212,47
опсег на 52 недели
1.185,43 - 1.325,10
Со префрлање на фокусот кон ризиците на пазарот на трудот, претседателот на Федералните резерви сигнализираше дека можеби нема да чека идеални податоци за инфлацијата пред повторно да ги намали стапките. Тоа беше доволно за да предизвика широк раст на пазарите: Акциите на пазарите во развој пораснаа, кредитните спредови се намалија, а инвеститорите се префрлија на циклични сектори како што се домувањето и технологијата, облози кои обично се исплаќаат кога каматните стапки паѓаат, а економскиот раст останува солиден.
Како што претходно објави „Блумберг Адрија“, водечкиот американски банкар е под притисок во последните денови, бидејќи беснее дебатата околу тоа дали да се намалат каматните стапки. Пазарите со нетрпение го очекуваа неговиот говор, при што S&P 500 падна со денови, а нервозата се чувствуваше и на крипто пазарот.
Американскиот претседател Доналд Трамп, инаку ја подигна својата кампања на ново ниво денеска. Додека Пауел зборуваше, Трамп рече дека ќе ја отпушти гувернерката на ФЕД, Лиза Кук, ако таа не поднесе оставка.
Пауел не се осврна на случајот Кук во својот говор, ниту пак одговори на прашања од публиката.
Првични реакции на пазарот - американските акции зајакнаа по говорот на Пауел
Кратко по објавувањето на цитатите од говорот на претседателот на ФЕД, американските акции станаа зелени.
Референтниот индекс S&P 500 скокна за 1,2 проценти, Dow Jones за 1,45, а технолошкиот Nasdaq 100 за 1,25 проценти.
Клучни пораки од подготвениот говор на Пауел
Пауел ја остави отворена можноста за намалување на стапката на состанокот на Фед на 16 и 17 септември, велејќи: „Основните економски перспективи и променливата рамнотежа на ризиците би можеле да го оправдаат приспособувањето на нашата монетарна позиција“.
Тој исто така рече дека „стабилноста на стапката на невработеност и другите индикатори на пазарот на трудот ни овозможуваат да бидеме претпазливи при разгледувањето на промените во нашата политика“. На пазарот на трудот, Пауел рече дека иако „изгледа избалансиран, тоа е чуден вид рамнотежа што произлегува од изразено забавување и на понудата и на побарувачката за работници. Оваа необична ситуација сугерира дека ризиците за вработувањето се во пораст“.
Bloomberg
Претседателот на Федералните резерви рече дека е „разумно основно очекување“ дека царините ќе предизвикаат „еднократен“ скок на нивото на цените, но дека ќе биде потребно време тие ефекти целосно да се пренесат на американската економија. „На краток рок, ризиците за инфлацијата се насочени кон раст, а ризиците за вработувањето се насочени кон пад, што претставува предизвикувачка ситуација“.
Конечно, Пауел објави дека Федералните резерви усвоиле нова рамка на политиката, која ја отстранува претходната формулација дека централната банка се стреми кон инфлација во просек од два процента на долг рок, како и делот што се однесува на донесување одлуки за вработување врз основа на отстапувања од нејзиното максимално ниво.
Како што веќе објави „Блумберг Адрија“, американскиот централен банкар беше под притисок во последните денови додека се водеше дебата за тоа дали ќе одлучи да ги намали каматните стапки или да ги изненади набљудувачите. Пазарите со нетрпение го очекуваа неговиот говор, при што S&P 500 беше во црвено со денови, а нервозата се чувствуваше и на крипто пазарот.
Како пазарите се подготвуваа за Пауел
Пред говорот на Пауел и отворањето на берзите, фјучерсите на американските акции ја запреа серијата загуби од оваа недела, бидејќи финансиските пазари ги намалија очекувањата за непосредно намалување на каматните стапки, проценувајќи дека има околу 65 проценти шанса за едно намалување во септември и помалку од две корекции вкупно до крајот на годината. Само пред една недела, пазарот не се сомневаше во намалување од 25 базични поени во септември, а некои дури шпекулираа за 50 поени.
Договорите за S&P 500 пораснаа за 0,3 проценти откако американскиот референтен индекс забележа пет последователни сесии на падови. Фјучерсите на индексот Nasdaq 100 скокнаа за 0,2 проценти, а фјучерсите на индексот Dow Jones се зголемија за 0,3 проценти. За потсетување, продажбата на акции на големи технолошки компании оваа недела го запре рекордниот раст на американскиот пазар.
Приносите на американските државни обврзници се зголемија по падот во четвртокот, додека приносот на 10-годишните обврзници падна за еден базичен поен на 4,31 проценти. Доларот малку се промени.
Bloomberg
Европските акции, мерени според индексот Stoxx Europe 600, пораснаа за 0,2 проценти, приближувајќи се до рекордно високо ниво, објави Блумберг. Приносот на германските 10-годишни обврзници падна за еден базичен поен на 2,75 проценти, додека приносот на британските 10-годишни обврзници се зголеми за еден базичен поен на 4,74 проценти.
Златото падна за 0,44 проценти на 3.366,5 долари за унца пред говорот на Пауел, додека суровата нафта WTI порасна за 0,3 проценти на 63,71 долари за барел.
На криптопазарот главно се тргуваше со загуби, при што биткоинот падна за 0,83 проценти (112.239 долари) и етерот за 0,39 проценти (4.245 долари) во текот на денот.
XBTUSD:CUR
XBT-USD Cross Rate
116.526,22 USD
+4.105,39 +3,65%
почетна цена
112.420,83
претходна цена на затворање
112.420,83
промена од почетокот на годината
23,1995%
дневен опсег
111.666,28 - 116.546,51
опсег на 52 недели
74.424,95 - 124.514,62
Претходно, азиско-пацифичките пазари беа претежно во зелено. Јужнокорејскиот Kospi порасна за 0,86 проценти, додека индексот Kosdaq со помала капитализација затвори за 0,68 проценти. Јапонскиот референтен индекс Nikkei 225 беше непроменет, додека индексот Topix порасна за 0,58 проценти.
Bloomberg
Кинескиот CSI 300 порасна за повеќе од 2 проценти. Технолошкиот индекс во континентална Кина скокна за повеќе од 8 проценти, предводен од добивките на производителите на чипови „Камбрикон Технолоџис“ (Cambricon Technologies) и „Хајгон“ (Hygon Information Technology). Добивките на производителот на полупроводници дојдоа по веста дека „Енвидија“ (Nvidia) побарала од добавувачи како што е јужнокорејскиот „Самсунг Електоникс“ (Samsung Electronics) да го прекинат производството поврзано со неговите H20 чипови. Тоа ги поттикна очекувањата на инвеститорите дека кинеските компании веројатно ќе се појават како алтернативни добавувачи.
Акциите на кинеските производители на чипови котирани на берзата во Хонг Конг, вклучувајќи ги „Хуа Хонг Смикондуктор“ (Hua Hong Semiconductor) и „Шангај Фудан Мајкроелектроникс“ (Shanghai Fudan Microelectronics Group), исто така пораснаа во петокот, додека индексот Hang Seng порасна за 0,32 проценти.
Индексот Nifty 50 на Индија падна за 0,67 проценти, а индексот BSE Sensex за 0,62 проценти. Австралискиот индекс S&P/ASX 200 падна за 0,57 проценти и заврши на 8.967,4 поени, откако во четвртокот за прв пат ја проби границата од 9.000 поени.
Текстот е ажуриран во првите неколку пасуси, по завршувањето на говорот
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...