text size
Каде да се инвестираат пари е дилема која најмногу ги мачи инвеститорите-почетници кои прв пат своите заштеди наместо во банка сакаат да ги пласираат на пазарот на капитал или во некакви други инструменти во надеж дека на тој начин ќе остварат поголем принос отколку банкарските камати. Со оглед на тоа дека и најголемите инвеститори во светот почнале од негде односно со некаков минимален почетен капитал, прашавме експерти за совети кои би им помогнале на малите инвеститори-почетници полесно да донесат одлука. Прашањето беше каде да се инвестираат 1.000 евра? А, понудените одговори беа: во акции од домашни компании, акции од компании во странство, домашни инвестициски фондови, странски инвестициски фондови, диверзифицирано портфолио од неколку претходно наведени инструменти, во дополнително образование за пазарите на капитал или нешто друго.