Како може Народната банка со посебни мерки да придонесе за олеснување на пристапот до станбени кредити, особено за лица што се млади граѓани или брачни двојки, како што минатата недела најави гувернерот Трајко Славески? Ова прашање се наметна во јавноста особено по зголемувањето на гласноста на Народната банка дека има простор за такви мерки, но и дека има некои недоследности на пазарот на недвижности, секако во услови на растечки тренд на цените на недвижностите, кој трае веќе подолг период. „Блумберг Адрија“ анализира на оваа тема.
Народната банка има голема улога во однесувањето на комерцијалните банки преку низа сигнали, инструменти и мерки што ги носи, а се разбира централната банка е и регулатор на пазарот, за кој во Македонија е повеќе од јасно дека е високо регулиран. Комерцијалните банки се приватни компании и во целост одлучуваат каква кредитна политика ќе имаат, но, сепак, рамка се макропрудентните мерки за квалитетот на кредитната побарувачка. Токму преку измени во нив, Народната банка ќе може да влијае на олеснување на пристапот до кредит за прв стан.
Имено, како што објаснуваат и од Народната банка, мерките насочени кон кредитокорисниците се посебен вид макропрудентни мерки чија цел е да ја зајакнат отпорноста и на кредиторисниците и на банките на негативни економски и финансиски шокови.
Прочитај повеќе

Кредити, картички, вработени: За што има најмногу поплаки до македонските банки?
Анализата покажува дека во 2024 година преовладуваат поплаките за другите директни канали (СМС, банкомати и сл.) со учество од 22,6 проценти и поплаките за дебитните и кредитните картички со учество од 20,8 проценти.
22.08.2025

Народната банка презема мерки за поттикнување на штедењето во денари
Се зголемува стапката на задолжителната резерва на девизните обврски со рочност до две години од 21 на 22 проценти.
20.08.2025

Незаконски имот вреден милијарди, а македонскиот буџет добива ситнеж
Освен пари, благородни метали, возила и недвижен имот, како највредна стока, АУОИ одзема и многу други предмети, како оружје, цигари, тутун, наркотици, но и животни, па и речиси безвредни работи.
20.08.2025

Зелените кредити во Македонија првпат надминаа половина милијарда евра
Македонските банки на крајот на јуни годинава имале издадено зелени кредити во вкупна вредност од 507 милиони евра.
20.08.2025

Анкета на НБРМ: Се очекува засилено олеснување на кредитните услови за населението
Резултатите од анкетата покажуваат дека во вториот квартал од годинава веќе имало нето-олеснување на кредитните услови на домаќинствата.
15.08.2025

Народната банка ги задржа каматите, инфлацијата е забрзана
Со оваа одлука се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, велат од НБРМ.
30.07.2025

Секој Македонец во просек чува по 3.700 евра во банка, а должи по 2.400
Растат и депозитите и кредитите во македонските банки, покажува извештајот на Народната банка за јуни.
21.07.2025
„Со ваквите мерки вообичаено се придонесува за ублажување на ризиците од презадолженост на домаќинствата и тие најчесто се користат за регулирање на делот од пазарот што се однесува на станбеното кредитирање. Со нив се воведува определен минимум на обврски на банките околу пропустливоста на кредитните барања во зависност од избраните карактеристики на клиентите, односно се поставува определен регулаторен максимум на избраните кредитни стандарди поврзани со самите кредитокорисници“, се наведува во објаснувањето.
Мерките најчесто се однесуваат на максималниот обем на должничкиот товар на клиентите, и тоа во сооднос со нивните редовни приходи и/или во сооднос со вредноста на обезбедувањето што можат да го понудат за кредитите. На тој начин, со овие мерки се дејствува превентивно, односно се намалува можноста за презадолженост на одделните физички лица клиенти на банките, со што се намалува и веројатноста за остварување на кредитниот ризик во портфолијата на банките. Покрај тоа, при евентуална неможност на клиентите да ги отплаќаат своите обврски, банките се осигуруваат дека воспоставеното обезбедување за одобрените кредити ќе биде доволен и квалитетен извор на секундарна наплата, што, пак, ќе ги минимизира и загубите на банките.
Што ќе се промени за да помогне Народната банка?
Централната банка следи неколку инструменти, а еден од нив е таканаречениот показател ЛТВ (од англиски Loan To Value), кој го претставува соодносот помеѓу износот на кредитната изложеност кон физичкото лице и вредноста на недвижноста над која е воспоставен залог заради обезбедување на таа кредитна изложеност. Во моментов показателот ЛТВ не смее да надмине 85 проценти, односно вредноста на кредитот не смее да биде повисока од 85 отсто од вредноста на хипотеката. Според нашите сознанија, сега Народната банка ќе бара банките да се усогласат и доколку станот се зема како прва недвижност за младите, тие да издаваат и повисоки кредити како сооднос од заложениот имот. За процентот сѐ уште се преговара, а за мислење се прашуваат и самите банки.
Од Народната банка не ги коментираат конкретните измени. Гувернерот Трајко Славески минатата недела оствари работна средба со директорот на Агенцијата за катастар, Иван Живковски, на која се разговарало за тековната состојба на пазарот на недвижности и за можностите за подобра размена на информации меѓу институциите. Беше информирано дека Народната банка предложила потпишување меморандум за соработка со Агенцијата за катастар, што ќе овозможи побрза достапност до податоците, подобрување на аналитичките капацитети и поефикасно следење на пазарните трендови. Со разликување на кредитите за прво живеалиште од оние за инвестиции, како и со засилена соработка меѓу институциите, се очекува да се создадат подобри услови за граѓаните при решавање на станбеното прашање.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...