Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави дека нема да оди под границата од 15 отсто при поставувањето на таканаречените реципрочни царински стапки што треба да бидат воведни на 1 август. Ова е показател дека основното ниво на новите царини се зголемува.
„Ќе имаме едноставна царина, директна, таа ќе биде меѓу 15 и 50 отсто“, изјави Трамп во средата на самит за вештачка интелигенција во Вашингтон. „Некаде ќе имаме 50 отсто затоа што не сме во добри односи со тие земји.“
Изјавата на Трамп дека царините ќе почнуваат од 15 отсто е најновиот потег во неговата кампања за воведување царини на речиси сите трговски партнери на САД, како и знак дека има намера поагресивно да ги наметне овие давачки на извозот од земјите што досега не успеале да постигнат трговски договори со Вашингтон.
Прочитај повеќе

Пред седницата на ЕЦБ: И покрај силното евро, се очекува пауза
Официјалните лица на ЕЦБ се загрижени поради царините на Трамп и сè посилното евро
23.07.2025

Акциите паѓаат поради грижата околу царините, државните обврзници полека растат
Азиските акции паднаа поради обновените грижи за царините, а дополнително инвеститорите чекаат неделава информации за заработка од компаниите со мегакапитализација.
22.07.2025

Акциите се совршено преценети - царините се закануваат на Волстрит
Има еден балон што шета низ Волстрит и бара игла
20.07.2025

ЕУ подготвува план за одмазда против царините на Трамп
ЕУ бара пошироки исклучоци од тие што ги нудат САД
20.07.2025

ЕЦБ нема да попушти под притисокот на трговската политика на Трамп
Каматната стапка најверојатно ќе остане непроменета на 2 отсто
20.07.2025

Трамп под притисок: Епстајн, ФЕД и здравствената состојба му ги загрозуваат амбициите
Оваа недела на Трамп му се сврте среќата
19.07.2025

Глобалната економија низ графици: Царините полека стигнуваат до потрошувачите
Царините почнуваат да ги зголемуваат трошоците на увозните производи во САД
19.07.2025
Претходно овој месец, Трамп рече дека повеќе од 150 земји ќе добијат писмо со предлог за царинска стапка „веројатно од 10 или 15 отсто, сè уште не сме одлучиле.“ Секретарот за трговија, Хауард Латник, за „Си-би-ес њуз“ во неделата изјави дека помалите земји, вклучувајќи ги „земјите од Латинска Америка, Карибите, многу земји од Африка“ ќе имаат основна царина од 10 отсто. При првото објавување на царините во април, Трамп најави универзална царина од 10 отсто за речиси сите земји.
Иако Трамп и неговите советници првично изразуваа надеж за постигнување на повеќе договори, претседателот сега самите писма со царини ги претставува како „договори“, сугерирајќи дека нема интерес за долги преговори. Сепак, остави можност земјите да постигнат договори кои би ги намалиле тие стапки.
Bloomberg
Во вторникот, Трамп објави дека ќе ја намали претходно најавената царина од 25 отсто за Јапонија на 15 отсто, во замена за тоа што земјата ќе ги укине ограничувањата за некои американски производи и ќе поддржи инвестициски фонд од 550 милијарди долари.
Белата куќа разговара и за сличен фонд со Јужна Кореја — земја која исто така има за цел да постигне стапка од 15 отсто, вклучително и за автомобили, според лица запознаени со ситуацијата. А Филипините се стремат да ја намалат својата царинска стапка од сегашните 19 на 15 отсто, според амбасадорот на таа земја во САД, Хозе Мануел Ромуалдез.
Во меѓувреме, официјалните лица во Виетнам ги анализираат трошоците од евентуалниот договор. Внатрешна владина процена покажува дека извозот на Виетнам во САД би можел да се намали и до една третина доколку стапат на сила повисоките царини што ги најави Трамп.
Други земји, вклучително и Индија и земјите-членки на Европската унија, сè уште се обидуваат да постигнат договор пред зголемените царини да стапат на сила.
Во средата, Трамп рече дека ќе има „многу, многу едноставна царина за некои од земјите“ бидејќи има премногу држави, а „не може да се преговара со сите“. Тој додаде дека преговорите со Европската унија се „сериозни.“
„Ако се согласат да ја отворат Унијата за американски компании, тогаш ќе им дозволиме да плаќаат пониска царина,“ изјави Трамп.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...