Увозот на дизел и авиогориво во Европа е на пат да достигне рекорден месечен обем, бидејќи трговците се подготвуваат за зимата и за ограничувањето на нафтените производи преработени од руска сурова нафта.
Според податоците на „Кплер“ (Kpler) што ги обработи „Блумберг“ (Bloomberg), во периодот од 1 до 20 октомври во пристаништата на Европската Унија пристигнале речиси 1,9 милион барели гориво од извозници како Индија, Саудиска Арабија и САД. Ако продолжи таквиот тренд, купувањата на дизел и горива од типот на керозин ќе достигнат месечен рекорд.
Откако Европската Унија во 2023 година воведе забрана за увоз на нафтени производи од Русија, блокот го зголеми увозот од други земји на горива познати како средни дестилати – што се користат за камиони, локомотиви, авиони и градежни машини, како и за загревање на домовите. Забраната ги наруши долготрајните трговски текови, принудувајќи ја Европа да бара нови доставувачи, меѓу кои и Индија.
Прочитај повеќе
САД воведуваат санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“, расте цената на нафтата
Министерството за финансии ги стави на црната листа државните нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“ поради „недостатокот на сериозна посветеност на Русија кон мировниот процес за ставање крај на војната во Украина“, се вели во соопштението од средата.
23.10.2025
ЕУ се „откачува“ од руските горива, но сѐ уште троши милијарда евра месечно за нив
Македонија не е директно засегната од американските санкции врз „Нафтената индустрија на Србија“ (НИС), кои стапија во сила на 9 октомври.
20.10.2025
ОПЕК+ договори благо зголемување на производството на нафта во ноември
Производството ќе се зголеми и покрај вишоците на пазарот
05.10.2025
„Ексон“ ќе отпушти 2.000 работници, загубите на работни места во нафтениот сектор растат
„Ексон мобил“ отпушта 2.000 луѓе во нов бран на преструктурирање, од 2019 година бројот на вработени е скратен за 20 отсто, а заштедите достигнуваат 13,5 милијарди долари.
30.09.2025
Орбан не попушта пред барањето на Трамп, Унгарија не се откажува од руската енергија
Унгарскиот премиер Виктор Орбан му се спротивстави на Трамп, одбивајќи да се откаже од руската нафта и гас, и предупреди дека таквиот потег би ја намалил економијата на Унгарија за 4 отсто.
26.09.2025
Сега планот за ограничување на купувањето горива произведени од рафинерии што користат руска сурова нафта повторно го загрозува енергетскиот синџир на испорака на Унијата, со што е можно ново пренасочување на трговските текови во период кога побарувачката за греење расте со настапувањето на студените месеци.
Рекорден увоз
ЕУ бележи највисоки количества на дизел и авиогориво
Bloomberg
Во меѓувреме, притисокот врз некои земји извознички и трговците што ги транспортираат нивните товари се зголеми откако САД ги ставија на црната листа руските енергетски гиганти „Роснефт“ (Rosneft PJSC) и „Лукоил“ (Lukoil PJSC). Високи претставници на индиските рафинерии, клучни купувачи на руска сурова нафта, изјавија дека новите американски санкции ќе го направат речиси невозможно продолжувањето на тие испораки до најголемите преработувачи.
Ограничувањата што ѝ се закануваат на Европската Унија во поглед на увозот на горива доаѓаат во момент кога некои од рафинериите се затвораат, едни трајно, а други привремено поради ремонти, што дополнително го засилува притисокот врз снабдувањето на регионот.
Во меѓувреме високите цени на горивата создадоа можности трговците да остварат профит со испраќање на товарите во Европа, во т.н. „отворен арбитражен прозорец“. Неизвесноста околу ограничувањата на Европската Унија што треба да стапат во сила во јануари претставува дополнителен поттик за трговците да испорачуваат уште повеќе гориво во блокот.
„Кога арбитражата е отворена пред зимата, нормално е да ја искористиш можноста и да купиш“, изјави Јуџин Линдел, раководител на одделот за рафинирани производи во консултантската компанија „Еф-џи-и НексантЕКА“ (FGE NexantECA).
Кога Европската Унија во почетокот на 2023 година првпат забрани речиси цел увоз на руски нафтени производи, тоа не спречи некои земји надвор од блокот да увезуваат руска сурова нафта и истовремено да извезуваат нафтени производи, како дизел и авиогориво, во Европа. Но со новата забрана, која треба да стапи во сила на 21 јануари, Унијата ја затвора таа дупка во системот.
Иако ова претставува многу помал чекор во споредба со првичната забрана, бидејќи тогаш Русија беше убедливо најголем снабдувач со дизел на ЕУ, новите правила сепак може да ги нарушат тековите на снабдување. Според Еф-џи-и (FGE), новите прописи би можеле да создадат одредена неизвесност околу испораките од Индија, иако се очекува тие на крајот да продолжат.
Најновите американски санкции против „Роснефт“ и „Лукоил“ внесуваат дополнителна доза претпазливост, поради што за посредниците станува сè потешко и поскапо да ги пласираат барелите поврзани со Русија на глобалните пазари. Како резултат на тоа, се очекува испораките на руска нафта до големите индиски рафинерии да се намалат речиси до нула.
Индија е значаен увозник на руска сурова нафта уште од 2022 година, кога ја искористи ценовната граница од 60 долари за барел и почна масовно да купува евтини пратки што беа дозволени и релативно поволни.
Во октомври (во периодот од 1 до 20 октомври) индиските испораки сочинувале околу 362.000 барели дневно, односно околу 20 отсто од вкупниот увоз на средни дестилати во Европската Унија. Ако тој тренд се задржи до крајот на месецот, тоа ќе претставува највисок месечен обем на испораки од Индија во податоците што се водат од 2017 година наваму.
Најновиот потег на САД веројатно ќе предизвика „игра на музички столчиња“ на глобалните пазари на нафта, бидејќи индиските рафинерии ќе се обидат да го пополнат просторот што ќе остане поради санкционираните барели, додека Русија ќе бара нови купувачи за својата сурова нафта. Клучното прашање е дали Кина, вториот најголем купувач на руска сурова нафта, ќе биде подготвена да преземе поголем дел од обемот, со оглед на тоа што ризиците се зголемени и за нејзината нафтена индустрија, а земјата во моментот преговара за трговско примирје со Вашингтон.
Некои индиски рафинерии ќе сакаат да продолжат со испораките на рафинирани производи во Европа, изјави Фернандо Фереира, директор на „Рапидан енерџи груп“ (Rapidan Energy Group). Според него, промените ќе доведат до „намалување или пренасочување на трговските текови, но не и до целосен прекин на увозот од Индија“.