Расте оптимизмот дека може да дојде до траен договор за прекин на огнот на Блискиот Исток. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека шансите за постигнување договор се многу добри, а изјавата дојде во време кога е извесно дека привременото примирје ќе биде продолжено уште за две недели. Трамп исто така објави дека десетдневно примирје ќе има и меѓу Израел и Либан.
Сепак, останува отворено прашањето колку овој оптимизам е реален, особено што лидери од земјите од Заливот и Европа навестуваат дека преговорите може да траат со месеци. Понатаму, проблем е тоа што американскиот претседател често ги менува изјавите, а најважно е дека штетата е веќе сторена.
Почитајте повеќе:
Жените добиваат трошки од кредитниот колач: само 7,8 отсто од финансирањето завршува кај нив
Кои се акциите со најдобри перформанси во Македонија и регионот?
Каде најмногу љубат Македонците да ги вложат своите пари, а да не е тоа стан?
Според Катар, најтешките економски последици од војната допрва следуваат. Кинескиот претседател вели дека светот тоне во хаос, еврозоната чекори кон помрачни сценарија, а ММФ ги намали прогнозите за раст. Анализите покажуваат дека на светот ќе му требаат две години да се справи со последиците од седумнеделната војна.
Стравот дека нафтата може да стигне до 150 долари за барел и натаму постои, а ризикот за глобалното снабдување со храна исто така е реален во услови кога пазарот се соочува со недостиг од ѓубрива. Критично е и во авиосекторот, Европа има авионско гориво уште за шест недели.
Почитајте повеќе:
Зелената економија чука на врата, дали македонските компании се спремни?
Портфолиото на македонските резиденти во странство првпат надмина 1,5 милијарда евра
Спортистите повеќе не чекаат да се пензионираат: Вложувањата почнуваат на почетокот на кариерата
Во вакво опкружување, берзите го чекаат мировниот договор. Белата куќа планира да им даде пристап на американските агенции до „Митос“ на „Антропик“ и покрај потресот во светот на сајбер-безбедноста. „Спејс екс“, подготвувајќи се за ИПО-то, ќе кани големи инвеститори на разгледување на погоните, а ние анализиравме и зошто од Македонија не можете да станете дел од мега ИПО-то на Маск. Нашиот аналитички тим открива кој е најголемиот тест за „Витаминка“ во 2026 година.
Неделава ја обележи падот на Виктор Орбан. Според аналитичарите, смената на власта во Унгарија значи дека Трамп во наредниот период ќе биде товар за европската десница. По убедливата победа на Петер Маѓар, пак, кој исто така е десничар, земјата испраќа сигнали за приклучување кон еврозоната, а ние анализиравме што ќе се случува со најголемите компании во земјата што својата сила ја градеа на основа на државната поддршка во времето на Орбан.