text size
Една од последиците, можеби и најклучната, на трговската војна на Трамп со целиот свет е силното зголемување на економско-политичките акции на земјите од Југоисточна Азија. Станува збор за група од 10 земји, кои се економски и политички поврзани во Aсоцијацијата на земји од Југоисточна Азија (АСЕАН – ASEAN) и обично се обидуваат да најдат рамнотежа меѓу САД и Кина, кои веќе со години ја обликуваат нивната судбина. Во овие денови, во малезиската престолнина се одржува 46-то состанок, кој многу набљудувачи го оценуваат како најважен до сега, во динамичните геополитички услови.