Брент нафтата ја затвори неделата на над 112 долари за барел. Ова е за четири долари над најлошото сценарио на економистите на „Блумберг“. Според нив, 108 долари за барел е границата која може да ја измести од контрола одвај заузданата инфлација на глобално ниво.
Европската централна банка неделава ги задржа каматните стапки на исто ниво, шести пат по ред. Но веќе има сценарија за зголемување на каматите уште на следниот состанок во април, а постои и екстремно сценарио според кое инфлацијата во еврозоната може да стигне до 6,3 проценти годинава.
Ни Фед не ги промени каматните стапки, но дилемата кај централните банкари станува се поактуелна – ќе зауздуваат инфлација или ќе се борат со рецесија.
Прочитај повеќе:
Колку ги чини камионџиите војната во Иран?
„Made in Europe“ на Макрон загрозува 30.000 работни места во Македонија
Војната на Блискиот Исток ескалира. Прво Трамп, потоа и Нетанјаху изјавија дека таа нема уште долго да трае, останаа и ветувањата дека нема да има напади врз енергетските постројки. Но Иран продолжува со нападите врз виталните објекти. Откако Израел го погоди гасното поле „Јужен Парс“, Иран вети одмазда за атентатот врз Али Лариџани и возврати. Настрада постројка која нема да се врати во погон во наредните пет години.
Ова значи дека енергетскиот притисок врз Европа која е зависна од гасот од Блискиот Исток ќе трае подолго. Сепак, и покрај високите цени на гасот, за разлика од 2022 година, цените на струјата остануваат под контрола.
Трамп неделава побара помош од НАТО сојузниците за деблокада на Ормускиот теснец откако не ја доби ги омаловажи, има кажа дека САД можат сами, а тие се кукавици. Отворањето на Ормускиот теснец останува примарно, па оттука и изјавата на американскиот трговски претставник Грир дека Кина треба да помогне затоа што на оваа земја и е најпотребен.
Прочитај повеќе:
Доаѓа златното време за инвеститорите во обновлива енергија
Светот се врти кон нуклеарки, во Македонија сѐ уште се забранети
Во земјава, дизелот, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика надмина 90 денари за литар. Според одлуката во понеделникот тој чини 92 денари. Сепак, нафтените компании го прифатија попустот од Окта од два денари. Државата се уште не излегла со мерки за олеснување на енергетскиот ценовен шок
Не берзите акциите и обврзниците паѓаат. Различните сигнали за крајот на војната не помагаат многу. Освен индексите, и цената на златото забележа неделен пад. Биткоинот падна под 70.000 долари. Доларот јакне.
Додека трае хаосот, Москва брои милијарди, војната во Украина продолжува, Зеленски се согласи за враќање на протокот низ нафтоводот „Дружба“, но Орбан и натаму ја блокира помошта за земјата.