Фудбалот останува во фокусот. Мундијалот во САД донесе неочекувани вести – Германија и Холандија покажаа дека фаворити има само на хартија, особено кога се изведуваат пенали. Си заминаа и „лилјаните“ од БиХ, а ВАР и уште некоја технологија скриена во топката ја пратија и Хрватска дома. И оттука се поставуваат прашањата што е потребно за да се освои Светското првенство и дали тоа досега е приказна за успех или разочарување.
Во земјава пензискиот систем е тема број еден. Ќе се прави анализа за зголемување на старосната граница за пензионирање до 73 години. Причините се јасни, луѓето подолго живеат и би можеле и подолго да работат, затоа што на тој начин ќе се полни Фондот. Ја анализиравме и состојбата со фондовите, државниот и приватните. Експертите велат дека реформа во вториот столб е потребна за да се спаси првиот, а и државниот буџет.
НБРМ објави дека цените на становите во Скопје се зголемиле за 13,3 проценти на годишно ниво во вториот квартал од 2026 година, што е второ по ред благо забавување на растот. Анализиравме и колку расте станбеното кредитирање. Предупредивме дека од 1 јули пораснаа казнените камати.
Трамп се „изнаиграл“ на берза во 2025 година, имал над 21.000 трансакции
Трамп пријави најмалку 1,4 милијарда долари заработка од криптовалути во 2025 година
Во екот на годишните одмори прашавме што е важно за земјите како Македонија, кои немаат морски брег – дали да бројот зголемен број туристи или да создаваат приказни што ќе носат додадена вредност од туризмот. Анализиравме колку ѕвездички има јадранскиот луксуз и каде вашите 100 евра би вределе најмногу. Нашите аналитичари пресметаа колку би заработиле ако вложите во недвижност во некоја од земјите од регионот.
Како што се зголемува бројот на нафтени танкери што поминуваат низ Ормускиот Теснец така забавува и инфлацијата во еврозоната, а претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, вели дека ризиците за инфлацијата и економскиот раст веќе не се толку изразени, но и дека Европа станува поотпорна на шоковите.
А нафтата може дополнително да поевтинува и да падне на 60 долари, велат економистите од „Сити“. Претходно и нашите аналитичари прогнозираа дека до крајот на годината нафтата ќе паѓа, а златото ќе расте.
Пазарите на капитал низ светот забележаа пад, предводен од силната распродажба на акциите на производителите на полупроводници, што повторно ги разгоре стравувањата дека годинашното силно рели на компаниите поврзани со вештачката интелигенција можеби било пребрзо и претерано. Најсилен удар претрпе јужнокорејскиот пазар, каде што е индексот Kospi, во кој доминираат компании што се дел од синџирот за изградба на инфраструктура за вештачка интелигенција. Слабее и еден од клучните сигнали за вештачката интелигенција, цената на ВИ-токените. Ваквите вести, сепак, не носат страв на Волстрит, инвеститорите очекуваат пазарите да ги издржат сите предизвици. Анализиравме дали е тоа случај и со биткоинот затоа што ова што се случува не е само краткорочна корекција.